Македонски Телеком АД Скопје вработува...Отворени се 4 работни места

Македонски Телеком АД Скопје вработува...Отворени се 4 работни места

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје  

Служба за директна продажба и промоција на ИКТво Сектор за продажба за деловни корисници СМЕ/СОХО во Областа на главниот оперативен директор за деловни корисници


Сакате ПРЕДИЗВИК, ВОЗБУДА, ДИНАМИКА, НОВИ ХОРИЗОНТИ.

За поголем предизвик – биди ТИ лицето на Телеком, за повеќе динамика – биди инспирација за сите нас. Ние отвораме нови хоризонти за да бидете дел од најважната сила на компанијата, затоа искористи ја можноста за повеќе возбуда на работното место, застани во првите компаниски редови и уживај во бројните контакти со корисниците.

Доколку  веруваш во себе и сметаш дека  ги поседуваш подолу наведените компентенции Те очекуваме да се пријавиш на огласот за работно место како продажен агент за деловни корисници од SOHO/SME сегментот.

Работно место: Продажен претставник за SOHO/SME

Гостивар -                                                                   1 извршител
Струга -                                                                       1 извршител
Велес  -                                                                        1 извршител
Гевгелија (Богданци,Валандово, Дојран)            1 извршител за сите наведени градови

Услови:

- Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Телекомуникации, Информациски технологии; Економски факултет или останати факултети
- Работа со компјутер и соодветни апликации, MS Office
- Во целост познавање на телекомуникацискиот бизнис, продукти и услуги од фиксна и мобилна телефонија
- 1-3 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола (Б - Категорија)


Работни задачи:

- Извршување на проактивни продажни активности со цел реализација на индивидуалните  месечни цели по производи и услуги во соодветниот сегмент.
- Подготвува детален и/или општ план за активности за привлекување и задржување на корисниците
- Подготовка на план за дневни и неделни посети на корисници
- Анализа на корисничките потреби и подготовка за продажен настап
- Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија (продукти и сервиси од мобилна и фиксна телефонија и ICT решенија ) на потенцијални и постоечки корисници од доделениот сегмент
- Доделување на бенефиции на корисниците дефинирани согласно определени процедури, не поголеми од 5% (пет проценти)
- Презентација, преговори и склучување на договори со корисниците од сегментот и корисници кои имаат поголеми и пософистицирани барања.
- Следење на процесите на реализација и проверка на нивниот статус и давање на повратни информации до корисниците
- Одржување на постојан контакт, официјална коресподенција и поддршка на корисниците во доделениот сегмент
- Постојана проверка на корисничка база на податоци за потенцијална можност за понуда на нов производ и услуги со додадена вредност (VAS) up-sale и cross-sale активности
- Подготовка на задолжителен feedback и иницијатива за локални потреби и промоции, продуктни побарувања од регионот валидни за доделениот сегмент, како и други сондирани информации поврзани со потребите на крисниците од доделениот сегмент.
- Комплетирање на корисничка документација, достава до корисниците и архивирање, согласно поставените правила и процедури


Од пријавените кандидати се очекува да ги поседуваат следниве способности и вештини:

Способност да донесува одлуки, организациски способности, способности за решавање проблеми, ориентираност кон корисниците, самоиницијатива, иновативност, само-мотивирање, способности за убедување, управување со конфликти, тимска работа, напредни комуникациски и продажни вештини, напредни преговарачки вештини.


Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Продажен претставник за SOHO/SME.

Огласот ќе биде објавен на ден 04.03.2016 година и ќе трае до 14.03.2016

Лице за контакт: Соња Каргова, телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од 16.504,00 денари, додатоци на плата и финансиска мотивација за продажба.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.