Симулација со која може да се види како е да се чита со дислексија

Симулација со која може да се види како е да се чита со дислексија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дислексијата е состојба која се манифестира со замена на букви, испуштање букви, непочитување на интерпукциските знаци итн при пишувањето, читањето или спелувањето.


Дислексијата не е поврзана со коефициентот на интелигенција, а Дамјан Николовски од здружението за дислексија „Ајнштајн“ открива дека „најважно е да се знае дека дислексијата не претставува никакво ментално или психофизичко заостанување ниту пак има врска со интелигенцијата на индивидуата туку баш напротив дислексија е често предводена со натпросечна интелигенција за што се и доказ сите оние брилијантни и вонсерски умови кои ја поседувале оваа состојба како што се Алберт Ајнштајн, Стив Јобс, Томас Едисон, Џенифер Анистон, Бил Гејтс, Том Круз, Агата Кристи и многу други. Дислексијата е едноставно различен стил на учење односно приемање на информациите.“

Се претпоставува дека во скопските средни училишта, околу 17% од средношколците имаат дислексија. Наставниците засега не добиваат посебни обуки за соочување со овој предизвик. Родителите во Македонија сè уште не се доволно информирани за состојбата, исто така.

Како е да се има дислексија?

За дел од луѓето со дислексија, буквите изгледаат како да „скокаат“ наоколу додека читаат. Еден програмер создал алатка која го симулира овој ефект. Погледнете како е да се чита со дислексија ОВДЕ.