Зошто мажите и жените избираат да учат различни јазици?

Зошто мажите и жените избираат да учат различни јазици?

Подготвил: Тамара Гроздановски

mazi zeni

 

Дали мажите и жените преферираат да учат различни јазици? Новото истражување од страната за учење јазик „Babbel“ дојде до изненадувачки заклучоци.


„Нашите податоци укажуваат на тоа дека мажите имаат предрасуди кога станува збор за учење германски, португалски, италијански и шпански“, вели Томас Хол, ко-основач и претседател на компанијата. Истражувањето било направено врз основа на податоците на 1 милион корисници на оваа платформа за учење - најголем дел од нив потекнувале од Европа и Северна Америка.

Додека некои од разликите се чинат незначителни, некои се истакнуваат. „Бевме изненадени кога воочивме разлики помеѓу учење на германскиот и холандскиот“, вели тој.

„И покрај сличната структура и корените кои ги делат двата јазици, жените претпочитаат повеќе да учат холандски, додека мажите повеќе избираат германски“, објаснува тој.

Улрих Амон, професор на германскиот универзитет Дуизбург, смета дека голем дел од разликите се направени врз основа на стереотипи. „Германискиот јазик отсекогаш повеќе се поврзува со технологија, индустрија и бизнис, додека  францускиот и италијанскиот со мода и кулинарски вештини“, објаснува тој.

Амон вели дека стереотипните перцепции на родовите разлики може се`уште да имаат вистинско влијание врз некои мажи и жени во однос на одлучувањето кои јазици треба да ги учат. Помеѓу родово неутралните јазици во истражувањето се најдоа англискиот, данскиот, индонезискиот, норвешкиот и полскиот.

„На глобално ниво откривме дека повеќе жени учат во споредба со мажите“, ели Хол.

Истражувачите вклучени во истражувањето на „Babbel“ дојде до следната анализа: „Нашите податоци покажуваат дека мажите и жените учат слично, врз основа на времето и ритамот на учење. Разликата е тоа што жените се подисциплинирани во нивните навики за учење“, пишува во нивниот извештај.