Фармацевтските компании заработуваат милијарди за лекови кои пациентите не ги користат

Фармацевтските компании заработуваат милијарди за лекови кои пациентите не ги користат

Подготвил: Драгана Петрушевска

Фармацевтските компании ќе заработат речиси 2 милијарди долари годинава продавајќи лекови кои пациентите никогаш не ги земаат. Ова се скапи лекови за терапии за рак кои може да чинат илјадници долари месечно.


Ново истражување покажува дека начинот на кој фармацевтските ги пакуваат лековите - за еднократна употреба што содржи многу повеќе лек отколку потребното за еден пациент - ги чини пациентите многу повеќе.

„Она што го прават производителите е дека не ги пакуваат лековите соодветно на дозите кои им се потребни пациентите“, вели авторот на истражувањето, Питер Бак, кој е доктор во центар за лекување на ракот.

Vox“ објаснуваат дека лековите за рак се различни од повеќето други лекови бидејќи се внесуваат преку вената. За разлика од апчињата, кои се користат од шише, овие се течности или пудри кои го губат дејството доколку седат на полица. Откако се отворат, тие мора да бидат искористени во рок од шест часа, а потоа се фрлаат.

Бак и неговите коавтори во своето истражување пишуваат дека некои фармацевтски компании продаваат преголеми дози кои се фрлаат. На овој начин, тие заработуваат од лекови кои болниците и пациентите никогаш нема да ги искористат.

Еден од најстрашните примери за ова е лекот наречен Velcade, со кој се третира ракот на коскената срж. „Takeda pharmaceutical“, компанијата која го произведува лекот, продава лек само во дози од 3,5 милиграми во САД (иако надвор од САД произведува и во дози од 1 милиграм).

Пациентите имаат потреба од многу помала доза од оваа. Бак и колегите пресметале дека пациентите просечно користат дози од 2,2 милиграми.


Секоја доза од лекот содржи повеќе лек отколку што му е потребно на пациентот. Со ова се фрла 27-30% од лекот кој се купува. Болниците трошат 308 милиони долари на остатоци од овој лек кои никогаш не ги користат.

Од компанијата велат дека „големината на дозата од 3,5 милиграми е одбрана за пациентите да имаат доволно количество од лекот без разлика на дозата“.