Конкурс за избор на наставници на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Конкурс за избор на наставници на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО
СКОПЈЕ
    Врз основа на член 131 став 1 од Законот за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015, 98/2015 145/2015 и 154/2015) Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, објавува
К О Н К У Р С
за избор на наставници на
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

I Се распишува конкурс за избор на наставници во сите наставно-научни звања на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за:

•    група предмети од областа на туризмот, три наставници,
•    група предмети од областа на маркетингот, три наставници,
•    група предмети од областа на економските дисциплини, три наставници,
•    група предмети од областа на менаџмент на човечки ресурси, три наставници,
•    група предмети од областа на претпримаштвото, три наставници,
•    група предмети од областа на политичките и правните дисциплини, три наставници.
    
Покрај општите услови утврдени во Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнат и условите пропишани во член 125 став 2, 3,4, односно став 5 (во зависност од наставно-научното звање во кое се избираат кандидатите) од Законот за високото образование и тоа:

- да имаат научен степен доктор на науки од научната област во која се избираат;
- просечен успех од најмалку осум на студиите на прв и втор циклус, за секој циклус посебно (за избор во наставно- научно звање доцент);
- објавени најмалку четири (за избор во доцент), пет (за избор во вонреден професор), односно шест (за избор во редовен професор) научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или научни труда во научно списание со импакт фактор кои се од соодветната област во базата на Web of Science во последните пет, односно седум (за повторен избор на редовен професор) години, кои носат најмалку десет бода (за избор во доцент), петнаесет бода (за избор во вонреден професор), односно дваесет бода (за избор во редовен професор), согласно член 95-а став 6 од Законот за високото образование;
- постигнувања во примената на истражувачките резултати (за избор во доцент), значајни достигнувања во примената на научноистражувачките резултати (за избор во вонреден професор),
- учество во научноистаржувачки проекти (за избор во вонреден професор); учество или раководење со научноистражувачки проект (за избор во редовен професор);
- способност за изведување на одделни видови (за избор во доцент) разни видови (за избор во вонреден професор), односно сите видови  (за избор во редовен  професор), високообразовна дејност;
-  придонес во оспособувањето на помлади наставници (за избор во вонреден и редовен професор) и
- позитивна оценка од самоевалуацијата.
        
Конкурсот трае 8 (осум) дена.

Пријавите и документацијата кандидатите треба да ги достават во архивата во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на улица Булевар Партизански одреди број 99. За евентуални подетални информации заинтересираните кандидати можат да се јават на телефон 02 3093 209.

Кон пријавата кандидатите задолжително треба да достават:
- биографија;
-  диплома за завршен докторат, за научната област за која конкурира;
- доказ за постигнатиот просек на студиите од прв и втор циклус студии, за секој циклус посебно (за избор во наставно-научно звање доцент);
- список на објавени научни и стручни трудови и по еден примерок од трудовите;
- доказ за познавање на еден од светските јазици.

Кандидатите кои стекнале дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно признавање пред Министерството за образование и наука на Рeпублика Македонија.        
Ненавремено доставените пријави како и пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат.                         
                                        Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје