Работи кои објаснуваат зошто ИКЕА е најуспешната компанија

Работи кои објаснуваат зошто ИКЕА е најуспешната компанија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Ова се неколку причини зошто ИКЕА е една од најуспешните компании на денешницата.

 

ikea


1. Затоа што тимот поминува часови обидувајќи се да сфати и да дознае што го разликува домот од една куќа

 

Посетите низ домовите се рутинска работа за ИКЕА и се сфаќаат доста сериозно. ИКЕА верува во филозофијата дека секој дом „продава“ различна уникатна приказна. Сите овие зборови им помогнале да ги сфатат потребите на купувачите и да создадат соодветни решенија за нив. „Набљудувајќи го новиот начин на живеење и иновативност додека се чува традицијата на едно место - тоа е она што ние го работиме“, вели маркетинг менаџерот на ИКЕА, Улф Смедберг.


2. Бидејќи вработените во компанијата се чувствуваат како дома

Во ИКЕА се почитува индивидуалната придобивка. Можете да влијаете без разлика на тоа што работите. ИКЕА нема формален дрес код. „Ова место те цени тебе како човек, а не твојата позадина“, вели Смебдерг.

3. Бидејќи кога сте во ИКЕА, прави да се чувствувате како дома. Каталогот на ИКЕА доаѓа со нешто доста иновативно кое ги освојува срцата на купувачите. Некогаш се прават фотографии од семејства во демо ИКЕА домовите. Потоа семејствата можат да го земат целиот тој демо дом. Истото го направи и за Денот на вљубените. Понекогаш се организираат забави во пижами. „ИКЕА не е само продавница за мебел“, вели Смебдерг.

4. Бидејќи ИКЕА се грижи за своите купувачи и нивната среќа


Смедберг посочува пример кога жените често пати се жалеле поради тоа што мажите не учествувале во домашните работи низ куќа, а пак мажите се жалеле бидејќи не поминуваат доволно време со нивните деца. „Затоа ги поканивме татковците и децата да поминат еден цел ден во продавницата заедно, а наредната недела ги поканивме мајките без нивните деца“, вели Смебдерг.

5. Бидејќи ИКЕА е горда на својот дом

Шведска. Сите производи на ИКЕА се именувани според нешто шведско - шведски села, реки итн. „Сакавме да им ја доближиме шведската култура на купувачите. Тоа е интегрален дел од она што сме ние“, завршува Смедберг.

Работи кои (можеби) не ги знаевте за ИКЕА


- ИКЕА планира да отвори 25 продавници во Индија до 2025 година. Моментално има 200 вработени во Индија. Првите четири продавниците ќе бидат лансирани во Хајдербед, Њу Делхи, Мумбаи и Бенгалуру до 17 август.

- BILLY, полицата за книги до ден денес е најпродаваниот производ. Полицата била дизајнирана од Џилис Ландгрен во 1979 година. Основниот дизајн не се променил од тогаш, меѓутоа полицата доаѓа со неколку дополнителни опции.

- Секоја година поголем е бројт на ИКЕА испечатени ИКЕА каталози отколку Библијата.