Препознаен автентичниот граѓански активизам на Јована Тозија

Препознаен автентичниот граѓански активизам на Јована Тозија



Јована Тозија, проект-менаџер, повремено тестер на софтверски програми и несудена актерка, деновиве доби писмо со благодарност за својата општествена проактивност, автентичен граѓански активизам и напорите во насока на создавање на клима за развој и одржување на неформални движења, инспирирање на поединци и институции за градење соработка и подобрување на состојбата на велосипедската инфраструктура, како и на градење критична маса за организирање на месечните вело-возења низ Скопје.

Приватно, страствен обожавател на велоспедизмот (поседува дури три различни велосипеди), а професионално дипломиран електро-инженер, Јована Тозија е една од иницијаторите на „Критична маса“ и една од основачите на неформалното здружение „На точак“, девојка која со своите секојдневни постапки неуморно едуцира и лобира, мобилизирајќи ги своите сограѓани во намерата да биде гласен предводник на позитивни општествени промени.

Во писмото меѓу другото пишува:

„Знаеме дека патеката по која возиш велосипед не е секогаш рамна, ниту Скопје е градот од твоите соништа, но ти сепак го сакаш со сето свое срце и неуморна си во намерата да го направиш подобро и поприфатливо место за живеење за нас и за генерациите што доаѓаат. Со својата моќ да ги перципираш сите баналности во опкружувањето и да ги посочиш, да бидеш уникатен камен, своја во сите подвизи, а инспирација за многумина, ти им припаѓаш на сите, а сепак не припаѓаш никому. Јована, твојата љубов кон Скопје, кон велосипедите, кон природата и кон вистината ги покрена нашите срца.
Ти благодариме што градиш подобар свет со таков жар и таква страст.
Благодариме што инспирираш.

Благодариме што постоиш.
Продолжи да бидеш двигател на позитивни промени, продолжи да го правиш она што го сакаш, но најмногу од сè, продолжи да ја користиш моќта на твоето грло да зборуваш за нештата во кои веруваш бидејќи: Твоето грло е твојата моќ!“


Јована писмото го објави и на својот фејсбук профил.

Сум добивала и претходно промотивни материјали, ама никогаш до сега со толкав personal touch. И не сум маркетинг експерт...

Posted by Jovana Tozija on Wednesday, 9 March 2016