Дали конечно е најден лек против агресивната форма на рак на дојка

Дали конечно е најден лек против агресивната форма на рак на дојка

Подготвил: Тамара Гроздановски

рак 

 

Најновото истражување покажува дека со користење на Херпецин во комбинација со друг лек пред операција го намалува, па дури и уништува туморот кај жени кои имаат агресивна форма на рак на дојка за помалку од две недели.


Резултатите од истражувањето спроведено од Истражувачкиот центар за рак од Велика Британија, презентирани на 10-та европска конференција за рак на дојка во Амстердам, покажуваат дека со него помал број на жени имаат потреба од хемотерапија.

Кај околу една четвртина од 66 жени со HER2 позитивен тест за рак на дојка се лекувале 11 дена со трастузумаб (генеричкото име на Харцептин) и лапатиниб било забележано значително намалување на тумор, па дури и негово исчезнување.

Д-р Најџел Бундред од Универзитетот во Манчестер и Универзитетската болница од Јужен Манчестер, кој ги презентирал податоците, изјавил: „Ова е револуционерен потенцијал бидејќи ни овозможува да идентификуваме група на пациенти на кои, во рок од 11 дена, им исчезнал туморот само со анти-HER2 терапија која потенцијално може да не бара последователна хемотерапија.

„Ова нуди можност да се прилагоди третманот за секоја жена“.

„Неверојатните наоди од ова истражување покажуваат дека со комбинирање на овие ва лекови постои потенцијал да се намали HER2 позитивниот рак на дојка во рок од 11 дена. За некои пацинети ефектот од оваа комбинација на лекови ќе даде неверојатни резултати и тоа ќе значи дека би можеле да ја избегнат хемотерапијата и нејзините несекани ефекти. За други, нивниот тумор можеби нема да се намали, но докторите ќе знаат какви начини да им даваат за понатамошно лекување“, изјави Самаиа ал Кади, извршен директор на Грижа за ракот на дојката.

„Овие драматични реакции на лековите за 11 дена не беа очекувани“, вели ко-лидерот на истражувањето Д-р Џудит БЛис, директор на одделението за клинички испитувања и статистика на Институтот за истражување на ракот во Лондон.

Истражувањето студирало 257 жени со HER2 позитивен рак на дојката во краток период помеѓу нивната првична дијагноза и операцијата за отстранување на нивните тумори.

Првично жените биле случајно избрани за да ја примат комбинацијата на лековите. На половина пат од истражувањето, после доказите од другите истражувања за ефективноста на комбинацијата, дизајнот бил променет за и на други жени да им бидат препишани овие лекови.

Од жените кои ги примале и двата лекови, 17% имале минимална резидуална болест - дефинирана како инвазивен тумор помал од 5 милиметри во големина - 11% немале биолошки знак на инвазивен тумор на дојка. Од жените третирани со трастузумаб само 3% имале резидуална болест.

HER2 позитивниот рак на дојка има голема веројатност да се врати после третманот отколку другите видови на рак на дојка. Генерално се третира со операција, хемотерапија, ендокрина терапија и анти-HER2 лекови. Сегашните третмани се ефикасни и комплетниот одговор е чест после три или четири месеци, меѓутоа реакцијата на болеста толку брзо ги изненади истражувачите.

Според Истражувачкиот центар за рак од Велика Британија, сегашните третмани се ефективни, и жените често пати искусуваат целосно закрепнување после три или четири месеци. Сепак, истражувачите велат дека 11 дена е доста изненадувачка временска рамка.

„Овие резултати се ветувачки ако се ефикасни долгорочно, и можат да бидат почетниот чекор за пронаоѓање на нов начин на лекување HER2. Ова би можело да значи дека жените би можеле да избегнат хемотерапија после операцијата и да бидат поштедени од несаканите ефекти и секако, да имаат подобар квалитет на живот“, изјави Д-р Арни Пурушотам, виш клинички советник од Истражувачкиот центар за рак од Велика Британија.