Ја баравте најнеобичната граница во светот?

Ја баравте најнеобичната граница во светот?

Подготвил: Драгана Петрушевска

САД и Канада делат една зграда. Бесплатната библиотека и опера „Хаскел“ се наоѓа меѓу Квебек и северен Вермонт, кадешто границата меѓи двете држави буквално минува на подот. Локацијата претставува туристичка атракција уште од завршувањето во 1904 година.


Марта Стјуарт Хаскел и нејзиниот син, двајцата од Канада, ја изградиле зградата во чест на починатиот сопруг на Хаскел. Семејството се надевало дека жителите од двете држави ќе ја користат зградата како центар за учење и културно збогатување.

Официјалниот влез во библиотеката е од американската страна на зградата, додека поголемиот дел од книгите се на канадската страна. Операта е поделена по седишта, иако повеќето од седиштата се во САД, а сцената е во Канада.



Пасошот не е потребен за да се помине од земја во земја во библуотеката, иако границата навистина е важечка. Посетителите треба да се вратат на својата страна од границата по посетата, а доколку не го сторат тоа може да бидат казнети.