Австриски град пронајде совршено решение за поплавите

Австриски град пронајде совршено решение за поплавите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Поплавите некогаш се едни од најкатастрофалните природни непогоди од коишто страдаат стотици илјади луѓе секоја година.

 

1


Инженерите во Австрија го решија овој проблем преку подигнување на ѕидови способни да држат милиони литри вода. Одличен подвиг на инжененрингот преку кој се гледа како еден челичен ѕид може да задржи вода која би предизвикала сериозна штета кај куќите наоколу. Во 2013 година, поголемиот дел од Европа страдаше од големи поплави, а видеото покажува како австриската општина Мачланд беше заштитена од страна на генијалниот ѕид.

 

поплава


Иако се чини невозможно, сепак генијалното инженерство му овозможи на тенкиот ѕид да го задржи притисокот од водата. Како што тежината на водата создава притисок по должината на ѕидот, силата се пренесува преку алуминиумски столбови во многу посилната основа. Овие преносни ѕидови се дел од поголемата брана која се протега на 70 километри по должината на брегот.