Северна Кореја - земјата која претставува вистинска закана за светот

Северна Кореја - земјата која претставува вистинска закана за светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Северна Кореја е прилично лута после воените вежби кои Американците неодамна ги изведоа во Јужна Кореја.  Пјонгјанг исто така и` се закани и на Јужна Кореја и нејзините сојузници дека наскоро ќе ги нема.

 

кореја


Ким Јонг Ун и неговиот режим сакаат да се фалат со лансирање на ракети и се закануваат дека ќе го уништат светот. Но, се поставува прашањето дали новите закани треба да се сфатат сериозно. Дури и најзалудените знаат дека Јужна Кореја располага со многу понапредна воена технологија од Северна Кореја, и е сојузник со Америка.

Во продолжение ви донесуваме што се` морате да знаете за природата на конфликтите кои во последните 70 години се случуваат на корејскиот полуостров.

1. Како се` започнало

Кон крајот на Втората светска војна Корејскиот полуостров бил поделен меѓу комунистичките сили (Русија и Кина) и капиталистичката Америка. Иако оваа поделба требало да биде привремено решение, таа во сила се задржала 70 години.

Северна Кореја во првите 30 години била економски поразвиена од Јужна Кореја, но Јужна Кореја како резултат на процесот на индустријализација започна да  се развива побрзо од Северна Кореја.

Режимот на Ким се потпира на фактот дека Севернокорејците веќе 70 години имаат чувство како да живеат под опсада. Доколку на тоа се додаде фактот дека Пјонгјанг се обидува да го обедини народот поттикнувајќи го против империјалистичкиот агресор, тогаш се добива формула со која единствената комунистичка династија во светот се`уште е на власт.

Се разбира санкциите кои Америка, Јужна Кореја, Европската Унија и Обединетите нации и` ги воведоа на Северна Кореја потсетуваат на реалноста на заканите кои диктаторот ги пласира на секојдневна основа, за и понатаму да ги држи во дланката.

2. Причини за најновите закани


Постојат две причини зошто Северна Кореја во последно време дополнително упатува закани. Од една страна се тешките санкции кои се наметнати од ОН, кон кои се придружува дури и Кина, а од друга страна се воените вежби на Американците кои Севернокорејците секогаш ги толкуваат како најава за инвазија.

„Јужна Кореја заедно со своите соседи во моментов врши силен притисок врз Северна Кореја“, вели Чеонг Сеонг-чан од Сејонг институтот. „Дури и Кина ги зајакна своите санкции против Северна Кореја“.

3. Дали навистина постои закана?


Досега не постојат докази со кои би се утврдила веродостојноста на заканите на Северна Кореја. Единствена вредност на нуклеарно оружје кое Северна Кореја наводно го поседува е дека со него може да се заканува.

Но, американските експерти предупредуваат дека можно е Севернокорејците во меѓувреме да се модернизирале и дополнително развиле свој арсенал на оружје со оглед на тоа дека со децении прават големи напори да развијат нуклеарно оружје.

Ова е поддржано и од експертите од Јужна Кореја од Универзитетот во Сеул кои велат дека би било глупаво да се отфрлат можностите дека заканите на Северна Кореја се неосновани бидејќи претходно докажаа дека е способна да произведува радиоактивен ураниум, дури и покрај тоа што светот го исмејуваше.

4. Постои мала веројатност за напад со нуклеарно оружје


Но тоа што Северна Кореја би можела да располага со радиоактивно оружје и понатаму не значи дека ќе го искористи во блиска иднина. Секако дека би го искористиле за уништување на своите непријатели, но дури и Пјонгјанг е свесен за разорната моќ на војската на Америка.

Сепак, се променија работите кои укажуваат дека овие закани треба да се сфатат доста сериозно.

5. Нов начин на војување

Интересно е тоа што во земјата која едвај располага со струја постојат компјутерски експерти кои глобалната заедница ја смета за прилично голема закана.

„Северна Кореја би можела Јужна Кореја да ја нападне преку интернет. Би можело да се повтори она што се случи минатата година кога поради хакерски напади од северот беше запрен економскиот раст на Јужна кореја“, вели експертот од Универзитетот во Сеул.

6. Засега нема место за страв од нуклеарна војна

Дури и со реториката на Северна Кореја со која неодамна го бомбардира светот не постои вистинска причина за страв. Не постојат докази за мобилизација на севернокорејските војници, нема објава за војна ниту пак ситуацијата меѓу Северна и Јужна Кореја е толку напната како минатото лето, кога навистина можеше да дојде до вооружен конфликт.

Покрај тоа, се чини дека севернокорејските медиуми во овој момент најмногу се занимаваат со економските теми кои се однесуваат за нивната економија и следење на подготовките за Конгресот на работничката партија кој треба да се одржи во мај.