Како изгледа животот во Исламската држава во Сирија?

Како изгледа животот во Исламската држава во Сирија?

Две храбри жени се одлучиле да носат камери со себе со цел да го снимат животот во Исламската држава во Сирија.

 


Камерите прикажуваат како Исламската држава ги изолира граѓаните од останатиот дел од светот.

Жените се затвореници и сексуални робови. Оние кои се доволно среќа да бидат поштедени од ваквата судбина живеат живот во кој им е забранета работа и образованието, а домот не смеат да го напуштат без придружба.

На улиците затворениците се фрлани од високи згради, отсечени им се главите или застрелани додека народот е собран. Силно вооружени терористи патролираат низ улиците опкружени со урнатини од зградите.

Градот прикажан на снимките е Ар Рака, кој се наоѓа северниот дел на Сирија. Снимките се направени од две храбри жени кои го ризикувале својот живот со што ги носеле камерите со себе сокриени во нивниот никаб. Тие велат дека едвај го чекаат денот кога ќе бидат слободни, но не знаат кога ќе дојде овој ден. Тие знаат дека со тоа што ги снимаат терористите ризикуваат да бидат убиени но сакаат светот да знае што се случува во нивниот град.

Правилата во Ар Арака се доста едноставни, особено за жените. Тие се базираат на шеријатскиот закон но создадени за да ги задоволат екстремните верувања на групата.

Жените мораат да бидат покриени од глава до пети. Тие не смеат да ја напуштат куќата без друга жена. Ако ја напуштат, ќе бидат казнети како и секој кој ќе разговара со нив.

„Секоја недела, после петочната молитва, на луѓето им се дадени наредби за новите правила кои се применуваат. Правилата завршуваат со тоа жените да мораат да носат ракавици и двојни никаби и мораат да останат дома“, вели Ом Мохамад, една од жените која носи камера за да го снима животот во градот.

„Училиштата за девојчињата се затворени. Целиот стар систем за школување исчезна и беше заменет со ИСИС училишта“, додава таа.

Сцените кои двете жени ги снимија вклучуваат седиште на ИСИС - црква во центарот на градот.


На видеото тие зборуваат за денот кога Исламската држава направи инвазија, во август 2014 година.

„Беше 13.00 часот. Бев на прозорецот. Погледнав надвор и видов како луѓето носат црно, и со себе носат црни знамиња. Тие викаа „Алах Акбар“. Тројца мажи стоеја на врвот на една зграда, а еден фрлија долу“, раскажува жената.

Минатата година, оние кои успеале да избегаат од градот зборуваа за животот под контрола на Исламската држава. Тие велат дека локалното население ја мрази групата, особено нејзиниот лидер, Абу Бакр ал-Багдади.

„Ние ги мраазиме. Освен неколку луѓе кои имаат корист од нив, сите останати ги мразат и не ги сакаме“, вели тој.

27 годишниот Зубаир раскажува како во Ар Рака животот е многу тажен.

„Луѓето се плашат од ИСИС. Животот е тажен. Ако шетате на улица, присилени сте да одите да се молите во џамија“.

Зубаир вели дека неговата сестра е заробена во градот и не може да го напушти. „Таа сака да го напушти градот и да продолжи со студирање. Но ИСИС ја спречува - тие имаат нов закон кој вели дека сите жени под 30 години не смеат да заминат. Моето семејство се обидува да го напушти градот но не може поради сестра ми“.

„Копнеам повеќе никогаш да не облечам никаб. Едвај чекам да се облекува на начинот на кој се облекувавме во минатото и да излезам на улица без страв и без да гледам оружје или страшни луѓе со бради. Сакам да излезам сама, слободна, без да има некој покрај мене. Ништо не ми е поважно од слободата“, вели Ом Омран.