Оглас за вработување во Авторско правно биро на Р. Македонија
Друштво за заштита на авторското и другите сродни права, Авторско правно биро на Р.Македонија, цк Дооел, Скопје, за потребите на својата дејност објавува оглас за вработување:
Работна позиција: Административен асистент
Назив на работодавачот: Друштво за заштита на авторското и другите сродни права,
Авторско правно биро на Р. Македонија
Тип на вработување: Пробна работа во времетраење од 6 месеци, со можност за склучување на договор за вработување на неопределено време.
Краен рок за аплицирање: 23.03.2016
Број на отворени позиции: 1
Резиме: Друштвото за заштита на авторски права, Авторско правно биро на Р. Македонија е првата приватна авторска агенција која постои веќе 20 години. Основната дејност на Друштвото се состои од пружање на правни и сметководствени услуги на поединци и правни лица кои имаат потреба од заштита или промовирање на авторското или другите сродни права.
Седиште: Бул. Кочо Рацин б рој 22, Скопје
Телефон: ++ 389 2 3 135 135
Адреса за достава на апликации: vrabotuvanje@kozmab.com
Опис на работното место:
Кандидатот е задолжен да врши електронска исплата на приходи по однос на авторски хонорари.
Воедно, кандидатот во соработка и координација со својот надреден:
1. Ќе биде одговорен за прием на повици и комуникација со странки и организирање на термини за состаноци, прием и одговор на маилови.
2. Одржување на документација и водење на евиденција
3. Асистирање во работењето на својот претпоставен
4. Одговорен и за други работни задачи по потреба
Потребни квалификации:
- Кандидатот треба да има минимум завршено средно образование. ВСС ќе се смета како предност заради влез во потесниот изборен круг.
Минимум 3 години работно искуство на позиција асистент ќе се смета за предност.
- Задолжително познавање и работа со компјутери, особено познавање на
Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), познавање и работа со Outlook.
- Важечка возачка дозвола
Лични карактеристики:
Од кандидатитот се очекува да биде:
Мотивирани, особено амбициозна, отворена и асертивна личност Организирана, многу одговорна и прецизна личност Доверлива и комуникативна личност
Работно време:
Понеделник до петок од 08.00 -16.00 часот. 40 работи часа во неделата. Една смена: претпладне.
Надомест за отворената ра ботна позиција:
Начин на аплицирање:
Сите заинтересрани кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови, се повикуваат да го достават своето CV со мотивационо писмо на следнава маил адреса: vrabotuvanje@kozmab.com најдоцна до 23.03.2016.
Се известуваат сите заинтересирани кандидати да не поднесуваат докази за завршено образование и докази за исполнување на останатите услови. Потребната документација ќе биде побарана на увид само за кандидатот кој ќе биде избран.
Напомена: Сите апликации доставени по изминување на рокот за пријавување нема да бидат земени за разгледување.
Изборот на кандидатите ќе се изврши согласно роковите определени во чл. 23 став (2) од Законот за работните односи ( Сл. Весник на Р. Македонија број 145/2014, 20/15, 33/2015, 26/2016).