Ворен Бафет: Секој будала може да води добар бизнис

Ворен Бафет: Секој будала може да води добар бизнис

Подготвил: Драгана Петрушевска

Брилијантните и добро образовани директори и менаџери се синоними за компаниите на милијардерите како Стив Џобс, Марк Закерберг или Џеф Безос. Меѓутоа, еден од најбогатите луѓе во светот, Ворен Бафет, смета дека наместо во директорот или сопственикот, треба да се вложува во „бизнис кој може да го води секоја будала“, бидејќи вложувањето во компанија врз основа на нивните лидери, некогаш и не е најдобра опција.


Во време кога се форсираат лидерските вештини и се пишува за значењето на добриот лидер во компанијата, Ворен Бафет се чини дека ги побива сите тие ставови со неколку реченици.

Во интервју кое го правел во 2010, Бафет го прашале што го привлекува во управувањето на „Мудис“, агенција за кредитен рејтинг, која била во центарот на дебаклот со хипотекарни хартии од вредност кога тој ја правел почетната инвестиција. Бафет одговорил:

„Ништо не знаев за управувањето на Мудис. Кога менаџментот со брилијантна репутација се закачи за работа со навидум лоша економија, тоа е репутација на бизнис која останува недопрена“.

Бафет додава дека доколку имате доволно добра работа, ако имате монопол над новостите, ако имате телевизиска станица, „тогаш бизнисот може да го отвори и води и вашиот роднина-идиот“.

Тој посочува дека доколку навистина работата е добра, не постои разлика во личноста која го води. Секако, постојат некои разлики кога се работи за водењето. На пример, доколку сте личност која поседува единствен производ во градот, тогаш имате моќ.