Брилијантен начин за спречување на луѓето да гледаат во телефоните

Брилијантен начин за спречување на луѓето да гледаат во телефоните

Подготвил: Драгана Петрушевска

Голем дел од луѓето додека се на претстава или на филм во кино честопати забораваат каде се и го проверуваат телефонот, со што им пречат на останатите присутни. Кина има генијален начин на кој го спречува ова. Тој вклучува ласери.


Имено, професорите и наставниците користеле ласери со години за да покажат детали од својата презентација. Но, кино-салите и театрите во Кина ги користат ласерите за да ги засрамат гледачите со цел да не гледаат во своите телефони.

Овој метод станал редовна мерка во некои сали во Кина, како Големиот театар во Шангај и Националниот центар за уметност во Пекинг, известува „The New York Times“.


Имено, кога гледач ќе биде забележан како го користи мобилниот уред, вработено лице покажува мал ласер кон гледачот за да го предупреди да престане да го користи својот телефон.

Така, вработените не мора да одат до гледачот и вербално да го предупредат, што може да пречи во изведбата.