Се` што треба да знаете за да се вработите во Финска

Се` што треба да знаете за да се вработите во Финска

Подготвил: Драгана Петрушевска

Упорноста, одлучноста и мотивацијата се клучните зборови кога станува збор за барањето работа, како секаде, така и во Финска. Финскиот пазар е многу конкурентен и барањето работа е вистински предизвик. Моментално, невработеноста во Финска изнесува 8,5%.


Според статистиките на Организацијата за економска соработка и развој, во Финска платите се на ниво на просекот на 33-те држави членки на ЕУ. Слободните работни места најчесто се фокусирани на југот на Финска и во големите урбани средини. Вработените мора да бидат образовани и да ги надградуваат своите вештини постојано.

Доколку сакате да барате работа и да работите во Финска, потребна е дозвола за престој која се добива врз основа на работниот договор. За работа до 3 месеци, не ви треба дозвола. За добивање на оваа дозвола може да се пријавите ОВДЕ.

Барањето за прва дозвола за престој во Финска обично се добива при влегувањето во Финска, а барањето за издавање на дозволата се поднесува во финската амбасада во матичната земја. Право на работа во Финска без дозвола за престој може да се добие и во случаи доколку сте наставник, преведувач, професионален уметник, спортист, спортски судија, спортски тренер, специјалист, сезонски берач, работите за најмногу 90 дена, сте водич на туристичка група, интернационален возач или морнар.

Кога во текот на потрагата на работа добивате информации за платата во тој сектор, цифрите обично се прикажани во бруто износ. Повеќе за данокот во Финска прочитајте ОВДЕ.

Во Финска не постои универзална минимална заработка. Кога станува збор за воледувањата, во повеќето сектори платите се исплаќаат во текот на боледувањето врз основа на колективен договор, наместо на законот. Платите се добиваат еднаш или двапати месечно. Од бруто износот се издвојуваат општинскиот данок, државниот данок и данокот за црква доколку вработениот е член на некоја црква.

Платите во Финска се движат од околу 3.000 евра до 8.000 евра. Просечно, од 4.000 евра до 4.500 евра. Образецот за пополнување кој се предава во Националната служба за вработување за регистрирање како лице кое бара работа се наоѓа ОВДЕ.

Редовното работно време во Финска не смее да надминува 8 часа дневно и 40 часа неделно во период од 52 недели. Ако работното време преминува 6 часа работа, вработените имаат право на пауза од најмалку 60 минути и се слободни да го напуштат работното место. Прекувремената работа може да трае најмногу 138 часа во период од 4 месеци или 250 часа во една година. Годишниот одмор за вработените кои се во фирма помалку од една година трае 24 дена.

Финците имаат потреба од медицински персонал од странство. Но, за оваа работа е потребно знаење на фински јазик. Освен медицински персонал, барани се и психолозите, готвачите, спортските тренери, аудиолозите, дадилките, финансиските експерти, бабиците, нутриционистите, фармацевтите, стоматолозите, програмерите на софтвер, експертите за обука и развој, заботехничарите...

Преку интернет-страницата на ЕУРЕС може да направите профил, да прикачите професионална биографија и некој работодавач може да ве пронајде и контактира. Повеќе за тоа ОВДЕ.

Во Финска е неопходно и изнајмување стан за време на работата.

За продажба може да барате станови ОВДЕ.

За изнајмување барајте ОВДЕ.

Линкови за барање работа во Финска:

http://www.ejobs.fi/en/

http://www.learn4good.com/jobs/language/english/list/country/finland/

http://www.mol.fi/tyopaikat/tyopaikkatiedotus/haku/hakusivu.htm?lang=fi

http://www.upm.com/FI/TYOPAIKAT/Kesatyopaikat/Pages/default.aspx
  
http://www.workinfinland.com/

http://www.careerjet.fi/
   
http://tyopaikat.uratie.fi/jobs/search?skipDeviceDetection=true

http://tyopaikat.oikotie.fi/en/?

https://ec.europa.eu/eures/main.jspcatId=38&lang=en&parentId=0&countryId=FI&acro=living

http://www.uranus.fi/en?lang=en

http://avointyopaikka.fi/

http://www.4icj.com/fi/#gsc.tab=0

http://www.kuntarekry.fi/AvoimetTyopaikat/Sivut/Default.aspx

http://www.kuntarekry.fi/Sivut/Default.aspx

http://www.monster.fi/

https://www.s-kanava.fi/web/s/tyonhakijalle/tyopaikat

http://www.duunia.net/

http://www.jobs.agilent.com/locations/finland.html

http://www.kesko.fi/en/Jobs/Open-jobs-in-Finnish/

Корисни линкови:

Финска царина - http://www.tulli.fi/en/

Национален одбор за образование - http://www.oph.fi/

Секој престој во Финска подолг од три месеци мора да се запише во регистар: http://www.maistraatti.fi/en/

Што ви е потребно за да живеете и работите во Финска: http://www.migri.fi/

Дали вашата возачка дозвола важи во Финска: http://www.poliisi.fi/poliisi/home.nsf/pages/index_eng


Извор