Си доби VW Passat за само 50 денари

Си доби VW Passat за само 50 денари

Денес,  Струга,  градот на  поезијата биеше во духот на среќата. Никола Јаулески енергичен, успешен, млад човек верувал во својата среќа и затоа редовно игра НовоЛото 7/34 и инстант лотарија.


Не одамна на среќното место Кики Твинс , во центарот на Струга купил три инстант лоза Среќни Тркала кои ги чувал да ги изгребе во домашна атмосфера. Покрај тоа што верува во игрите на среќа , сепак верувал дека и домот ќе му донесе дополнителна среќа. Третиот изгребан  лоз му донел 4 среќни тркала.

Никола Јаулески во весело опкружување, со неговите најблиски и пријателите денес се запозна со својот посакуван автомобил .Во прекрасна атмосфера на денешниот убав и сончев ден клучевите од автомобилот на Никола му ги предаде Билјана  Дуновска,од продажното место Кики Твинс чија среќна рака неодамна му го избрала и добитниот лоз. Денес се уверивме дека преубавиот автомобил Пасат замина во вистински раце, кај млад Стружанец , кому срдечно му честитаа и сите минувачи. Дружењето со добитникот и неговото големо весело друштво сите не наполни со позитивна енергија, а на Стружани им даде дополнителна верба во среќата. Добитникот на третата премија од инстант лозот Среќни Тркала на сите им порача да веруваат во среќата, но и редовно да играат, бидејќи само кој игра тој и добива.

Тимот на Државна лотарија на Македонија , тимот на среќното место Кики Твинс во Струга,  од денес се побогати за едно ново пријателство со најновиот член во семејството добитници од игрите на среќа на ДЛМ. На добитникот и неговото семејство им посакуваме добивката да им служи „ЗА ДОБРО“. Следната средба со нив ќе биде во салонот на Мото Центар во среда, заедно со Иџе и Марјана.

ЗА  ДОБРО !