Генерацијата на која и` е украдена иднината

Генерацијата на која и` е украдена иднината

Подготвил: Драгана Петрушевска

На светот има 78 милиони припадници на оваа генерација. Тие милиони луѓе се он-лајн 24/7, во едната рака држат таблет, а во другата телефон. Тие не читаат книги или списанија, но гледаат 3-Д филмови или реални шоу-емисии. Поважно им е да објават слика на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ која ќе биде популарна отколку да уживаат во совршениот момент. За нив, идеалната работа има флексибилно работно време, но е добро платена.


Вака ги претставува припадниците на таканаречената „генерација Y“ докторот Зоран Илиќ, психијатар и психотерапевт. Овие млади луѓе се родени меѓу 1980-та и 2000-та година. Илиќ додава дека тие понекогаш се нарекуваат и „генерација Петар Пан“ бидејќи свесно го пролонгираат периодот на растење.

Феноменот на останување во семејното гнездо не е карактеристичен само за балканските земји, туку и за развиените западни земји, забележува Илиќ. Списанието „Тајм“ пред неколку години оваа генерација ја нарече генерација на „мрзеливи нарици кои сè уште живеат со своите родители“.

Навистина, „во споредба со претходните генерации, оваа е најсамоуверена и најубедлива, но и најдепресивна и најанксиозна“, тврди Џин Твенг, професорка по психологија на Универзитетот во Сан Диего. Овој психолот тврди дека припадниците на оваа генерација своите желби ги прогласуваат за легитимни права и од останатите очекуваат да се прилагодуваат на нив, егоцентрични се, не трпат критики и имаат помала толеранција.

- На оваа генерација ѝ недостасува емпатија, тие се гладни за внимание и зависни од постојаните стимулации поради што сè бргу им здосадува, а нивните пријателски и емотивни односи брзо пукаат. Кон авторитетот се однесуваат со помалку почит - вели Твенг.

Родителите на овие млади луѓе сè уште се на водечки позиции во фирмите и се навикнати на работнички права, работно време и се вработени во традиционални индустрии. Но, институцијата семејство е помалку важна за оваа генерација на млади луѓе, најчесто бидејќи голем број од родителите се разведени или затоа што виртуелните пријатели им се поважни од семејниот ручек.

И додека на младите од развиениот свет желбите, за кои мислат дека се права, може да им бидат исполнети бидејќи родителите може да им ги исполнат, на нашите „ипсилонци“ повеќето желби им се скратени.

Во Србија било спроведено истражување за припадниците од оваа генерација. Авторите на ова истражување предупредуваат дека повеќе од половина од населението на возраст од 19 до 35 години се наоѓа во категорија на личности на кои финансиски им помагаат родителите.

Само една четвртина од младите во оваа возрасна група се во брак, а само 4% од нив самостојно заработиле за сопствен стан. Истражувачите откриваат дека половина од младите во Србија кои сè уште живеат со родителите не се отселуваат бидејќи не им одговара, а половина бидејќи немаат услови за тоа.