Антички докажан начин за подобрување на вашата меморија

Антички докажан начин за подобрување на вашата меморија

Подготвил: Тамара Гроздановски

dokaz

 

Во јануари, секоја прошетка ја посветив набљудувајќи ги деталите, во обид подобро да се сетам на нив. Тоа беше мојата новогодишна одлука и досега, се придржувам кон неа.


Во секоја од прошетките јас ја реконструирав техниката за меморирање позната на древните времиња и прикажана од модерната наука која е доста ефикасна.

„Rhetorica ad Hernnium“, напишано во 80-те години пред нашата ера, од непознат автор, е првиот познат текст за уметноста на меморирањето. Текстот учи за методот наречен „мемориска палата“. Како што кажува самото име, пристапот вклучува здружување на идеите или објектите кои треба да се меморираат со незаборавни сцени на добро познатите локации.

И самите можете да го тестирате методот. Ако сте како повеќето луѓе, нема лесно да се посветите на долгорочната меморија за предмети за шопинг листа. Но сигурно дека ќе се сетите ако листата ја визуелизирате додека шетате низ куќа: влезната врата од вашата куќа е украсена со тоалетна хартија, лавабото од кујната е полно со месо, путерот се топи на вашата трпезариска маса, вашето семејство пее кареоке во базен преполн со домати во вашата дневна соба, вашиот ходник е полн со грозје кој не можете да го избегнете, а вашите скали се преполни со лазања и доматен сос, кравата ја молзат во вашата спална соба, стебленца на пченка растат на таванот од спалната соба, а печурки има несекаде низ купатилото.

Некое време мислете на овие слики и локации (додајте движење, звуци, мириси). Вашата меморија ќе биде тестирана со имагинарно патување во самопослугата на крајот од статијата.

Џошуа Фоер напишал книга за тоа како тој тренирал за да победи на Првенството во меморија во Америка. Тој истакнува дека ние сме толку добри кон формирање на ментални мапи и во сеќавање на слики кои едвај ги забележуваме. Потсетете се на некое место кое последно сте го посетиле. Иако можеби еднаш сте прошетале низ куќата, сепак можете да се сетите на поголемиот дел од куќата и локацијата на мебелот.

Истражувањето го поддрува ова. Откако луѓето виделе илјадници слики во рок од неколку секунди, истражувањата покажуваат дека во просек, луѓето можат правилно да направат разлика за над 80% од нив од фотографиите кои не ги виделе. Ова останува вистинито дури и кога споредбата помеѓу сликите од ист објект но во малку поинаква позиција (ако истиот кабинет е отворен наспроти фотографија со истиот кабинет затворен). Друго истражување открива дека луѓето обично можат да се сетат на предмети кои ги виделе после серија на стотици други, демонстрирајќи дека визуелната меморија на предметите е долгорочна.

Истражувањата кои се протегаат децении наназад покажуваат дека методот на палатата ја подобрува меморијата. Користејќи го пристапот, луѓето можат да се сетат на повеќе од 80 зборови.

Друго истражување открива дека методот двојно го зголемил бројот на луѓето кои би можеле да запомнат најмалку 11 од 12 предмети на списокот. Студентите кои методот го примениле за учење биле подобри од оние кои не го користеле методот на испит.

Пред книгите да станат чести, методот им помогнал на адвокатите и другите професии да ги задржат неопходните информации за нивните работни места. Не е потребен извонреден ум за развивање на извонредна меморија. Натпреварувачите на натпревари за меморијата не биле родени со фотографска меморија. Тие вежбале со години користејќи го овој метод заедно со други методи. Со нив, некои можат да меморизираат стотици броеви за неколку минути или редоследот на шпил карти за неколку секунди. Но, атлетичарите за меморија се одлични само во области за кои тренирале. И навистина, науката покажува дека тие имаат нормални умови позади извонредна обука. Анатомијата на мозокот на атлетичарите за меморија и оние без посебна меморија е иста. Бидејќи тие тренирале специфично да се сетат на броеви и лица, овие атлетичари ги надминале другите.

Сега во врска со списокот на предмети за купување. Во вашиот ум влезете во куќата. Што гледате? Дали можете да ги погодите сите 10 предмети што треба да се купат?