Студентски проект: Винарија да подготвува сопствени сирења

Студентски проект: Винарија да подготвува сопствени сирења

Секоја година Американ Колеџ организира експо на најдобрите практични проекти на студентите, а оваа година, Универзитетот Американ Колеџ Скопје  го одржа настанот на 23 март во Даут Пашин Амам.




Најголем впечаток остави проектот од Факултетот за маркетинг каде група студенти имаат идеја конкретена винарија на пазарот да почне со производство на сирења и на тој начин да ја пласира својата понуда на пазарот.

Како што истакнува и Стив Џобс своевремено “останете гладни и будалести”, односно битно е да не се сосече ентузијазмот што го имаат студентите и да ги испробаат своите идеи во реалноста, за која се максимално подготвени. Доказ за тоа се и веќе дипломираните студенти кои имаат успеано со свои проекти, кои се исто така изложувачи на овој настан.

Гости на овој настан покрај студентите и алумни на УАКС, беа и високи претставници на компании членки на деловниот совет на УАКС.