Грантови за магистерски студии или професионален развој

Грантови за магистерски студии или професионален развој "Rotary"


Секоја година, „Rotary“ одбира најмногу 100 индивидуалци од целиот свет, на кои им доделува целосно финансирани академски грантови во еден од своите мировни центри. Многу од добитниците на овие грантови подоцна станале лидери на влади, организации, армии и интернационални организации како ОН и Светска банка.

Се доделуваат грантови за магистерски студии од 15-24 месеци со пракса од 2-3 месеци во некој реномиран универзитет во светот и грантови за професионалци за програми од 3 месеци на универзитет во Тајланд. Кандидатите треба да имаат претходно искуство во областа, да знаат англиски и да имаат лидерски вештини, како и соодветна диплома.

Пријавувањето трае до 31 мај.

Повеќе детали пронајдете ОВДЕ.