Државниот архив на Република Македонија вработува... Отворени се две работни места

Државниот архив на Република Македонија вработува... Отворени се две работни места

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи Сл. Весник на РМ" -пречистен текст бр. 167/2015), a во врска со член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор Сл. Весник на РМ" бр. 27/2014 и 199/2014)

ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2016
За вработување на два работници во Државниот архив
на Република Македонија на определено време

Државниот архив на Република Македонија, заради привремено зголемен обем на работа има потреба од вработување надва работници на определено време (до 31122016 година) - (2) извршители,

за следните работни места:

1. Еден извршител на определено време во траење до 31.12.2016 година, без статус на административен службеник, кој ќе врши работни задачи определени за помлад соработник за средување и обработка на архивски материјал нов период, во Одделение за средување и обраоотка на архивски материјал нов период - Куманово, во Државниот архив на Република Македонија.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
Степен на стручна подготовка: стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, Општествени науки, Хуманистички науки. Без работно искуство Нето плата: 20. 966, 00 денари.

2. Еден извршител на определено време во траење до 31.12.2016 година, без статус на административен службеник, кој ќе врши работни задачи определени за помлад референт за средување и обработка на архивски материјал нов период, во Одделение за средување и обработка на архивски материјал нов период, во Државниот архив на Република Македонија. Кандидатот треба да ги исполнува следните услови: Степен на стручна подготовка: IV-VI степен (ССС - ВШС). Без работно искуство Нето плата: 13. 148, 00 денари.

За двете работни места:

-Работното време е од 8, 30 до 16, 30 часот (понеделник - петок), 40 часа во неделата.
-Рок во кој ќе се изврши изборот, согласно член 23 став 2 од Законот за работни односи, зависно од бројот на пријавените кандидати за работното место и тоа: до 200 кандидати во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати во рок од 90 дена и над 500 кандидати во рок од 120 дена.

Заинтересираните кандидати за работните места се должни да достават пријава за вработување, со пропратна документација како доказ за исполнети услови за вработување (во оригинал или заверен препис на нотар).

Рок за доставување на пријавата изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот, не сметајки го денот на самото обЈавување.

Ненавремена и непотполна пријава нема да биде предмет на разгледување од страна на Државниот архив на Република Македонија.

Пријавата, кандидатите се должни да ја достават на следната адреса:
ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(со назнака за оглас за вработување бр. 02/2016)
Кеј "Димитар Влахов" бр. 19, 1000 Скопје.

Тел. 02/3115783 лиде за контакт Ибрахим Мамути
Постапката за вработување ке биде спроведена согласно Законот за работни односи.