Јазикот кој го зборувате го менува вашиот поглед кон светот

Јазикот кој го зборувате го менува вашиот поглед кон светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

jazik

 

Билингвалците ги добиваат своите предности. Подобри можности за вработување, како и зголемувањет на когнитивните способности, па дури и заштита од деменција. Сега, едно ново истражување покажува дека тие исто така можат да го гледаат светот на различни начини во зависност од јазикот кој можат да го зборуваат.


Во последните 15 години сведоци сме на голем број истражувања за билингвалноста, со мнозинство докази кои укажуваат на мтеријалните предности од користењето на повеќе од еден јазик.

Исто како што редовното вежбање му овозможува на вашето тело одредени биолошки бенефиции, менталното контролирање на два или повеќе јазици на вашиот мозок му дава когнитивни бенефиции. Оваа ментална флексибилност се покажува како корисна и подоцна во животот: типичниот знак на когнитивно стареење се случува подоцна кај билингвалците - а дегенеративните болести како деменција или Алцхајмерова болест се одложени за повеќе од пет години.

Во истражувањето неодамна објавено во „Psychological Science“, проучувани се германско-англиските билингвалци и монолингвалци за да се открие како различните јазични шеми влијаеле врз тоа како реагирале во експериментите.

Во истражувањето биле прикажувани видео клипови од настани со движење во нив, како на пример одење на жена кон автомобил или човек на велосипед кој вози до супермаркетот, а потоа од германско-англиските билингвалци се барало да ги опишат сцените.

Кога вакви сцени им се прикажани на германските монолигвалци, тие ќе ја опишат акцијата, но и целта на акцијата. Така, тие би рекле: „Жена оди кон својот автомобил“ или „Маж вози со неговиот велосипед кон супермаркетот“. Англиските монолингвалци едноставно би опишале: „Жена оди“ или „Маж вози велосипед“, без да ја спомене целта.

Погледот претпоставен од страна на германските говорители на јазикот е холистички - тие имаат тенденција да погледнат на настанот во целина, додека англиските говорители имаат тенденција да го зумираат настанот и да се фокусираат само на акцијата.

Јазичната основа на оваа тенденција се чини дека е вкоренета во начинот на различни колекции на граматички алатки. Англискиот јазик од своите говорители бара граматички да ги обележат настаните кои се случуваат, задолжувајќи ги граматички да ја применат „ing“ морфемата: „I am playing the piano and I cannot come to the phone“ или „I was playing the piano when the phone rang“. Оваа функција не е најдена во германскиот јазик.

Истражувањето со корисниците на втор јазик покажува однос помеѓу јазичните вештини и граматичките конструкции, но и зачестеноста со која говорителите ги споменуваат целите на настаните.

Во истото истражување, истражувачите повторно побарале од англиските и германските монолингвалци да гледаат серија на видео клипови кои покажуваат како луѓето одат, возат велосипед, трчаат или возат автомобил. Во секој сет од три видеа, тие ги запрашале дали сцена со двосмислена цел е слична со сцена со јасна ориентирана цел или со сцена без цел.

Германските монолингвалци ги поврзале двосмислените сцени со сцените со јасна ориентирана цел, а англиските монолингвалци не го направиле тоа. Оваа разлика е одраз на користењето на јазикот: германскиот јазик им поголема веројатност да се фокусира на можните резултати од активностите на луѓето, а англискиот јазик посветува повеќе внимание на самата акција.

Кога станува збор за билингвалци, тие се чини дека се префрлаат помеѓу овие перспективи врз основа на контекстот на јазикот на кој им билоа зададена задачата. Истражувањето открива дека германците кои течно зборувале англиски биле фокусирани кон целта како било кој друг роден говорник кога е тестиран на германски во неговата татковина. Но слична група на германско-англиски билингвалци биле тестирани на англиски во Велика Британија и тие биле фокусирани на акцијата како и родените говорници на англиски јазик.

Кај друга група на германско-англиски билигнвалци, еден јазик се држел во предност за време на задачата со видеото. Учесниците морале да повторуваат низа броеви гласно или на германски или на англиски. Оттргнувањето на еден јазик се чинело автоматско, со што го донело влијанието на другиот јазик.

Кога бил блокиран англискиот, билингвалците делувале како типични Германци и двосмисленото видео го гледале како ориентирано кон целта. Кога бил блокиран германскиот, билингвалците реагирале како Англичани.

Овие наоди се во согласност со другите истражувања кои покажуваат различно однесување кај билингвалците во зависност од јазикот на кој зборуваат.

Луѓето самите велат дека се чувствуваат како друг човек при користење на различни јазици и при изразување на одредени емоции во зависност од јазикот што го користат. Истражувањата покажуваат дека билингвалците имаат тенеденција да направат поразумни емоционални одлуки на вториот јазик.