Мермерен комбинат АД објавува оглас за вработување
МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД - светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска
марка на ситногрануларен доломитски мермер "BIANCO SIVEC" кој се вади од рудницителоцирани во близината на Прилеп,
објавува оглас за работно место:
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРЕВЕНТИВНО МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ -
1 извршител
Вработен на неопределено време
ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:
Универзитетска диплома Машински факултет
Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма,
Одлично владеење на компјутерски апликации MS Office, Internet
За предност ќе се смета работно искуство од 3 години во областа (превентивно и предиктивно одржување на машини
и опрема во градежна и рударска индустрија)
Возачка дозвола Б категорија
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА
Врз основа на анализа на техничката документација и проценетата состојба на машините и опремата, изготвува
планови и работни процедури со дефинирани термини и активности за превентивно и предиктивно одржување. Ги
планира, организира, следи, контролира и учествува во спроведувањето на сите предвидени активности.
Води евиденција и изготвува извештаи за активностите на превентивно и предиктивно одржување.
Дава предлози за воведување на нови работни машини и производна опрема за производство и
преработка на
минерална мермерна маса.
Врши преглед на залихите на резервни делови и материјали потребни за превентивно одржување и навремено
превзема мерки за обнова на истите.
Врши квалитативна приемна контрола на пристигнатите резервни делови и материјали кои се користат во превентивното
одржување.
Врз основа на годишниот план за производство изготвува термински план за оптимални годишни порачки за резервни
делови и материјали за превентивно одржување.
Изработува технички цртежи, скици и друга техничка документација потребна за превентивно одржување на машините
и опремата.
Врши анализа на постоечките технички решенија и предлага одредени конструктивни измени за подобрување на
функционирањето и спречување застои поради дефекти на машините и опремата.
Ги следи, анализира и подобрува клучните параметри во одржување.
Комуницира со раководителот на механичка работилница со цел да се обезбеди целосна координација при пријава
и отстранување на дефект од страна на секторот за одржување и поправки на машините и опремата во компанијата.
ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
Комуникативна и стабилна личност со изразени интерперсонални вештини,
Тимски ориентирана личност,
Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
Способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
Професионалност во работењето.
Работното време започнува во 06:00 часот и завршува во 14:00 часот. Работното време во текот на неделата изнесува
40 часа. Извршителот ќе работи во една смена. Компанијата обезбедува основна месечна нето плата во износ од 33. 250, 00
денари со можност за остварување на дополнителен месечен варијабилен дел на плата во максимален нето износ од
4. 600, 00 денари.
Компанијата нуди одлична можностза професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани
кон постигнување на резлутати. Пакетот за наградување е конкурентен!
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете
кратка биографија и мотивациско писмо на англиски јазик на емаил адреса vrabotuvanje@mermeren. com најдоцна до 10ти
Април 2016 година со назнака "апликација за работно место РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРЕВЕНТИВНО МАШИНСКО
ОДРЖУВАЊЕ"
Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од броЈот на пријавените
кандидати. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост. Единствено кандидатите кои што ќе влезат
во потесен избор ќе бидат контактирани.
Мермерен Комбинат АД Прилеп
Ул. Крушевски пат бб, 7500
Лице за контакт: Марта Дамевска Пуличоска
Тел. +389 48 418 940 локал 113