Викенд временска прогноза... Од наредна недела температури до 30 степени

Викенд временска прогноза... Од наредна недела температури до 30 степени



Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста. Слаб јужен и југозападен ветер. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 3 до 10 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.

Поради силното јужно воздушно струење утре над Македонија ќе има и присуство на пустински песок од Сахара. Неговото количество ќе се движи од 50 до 100 мигрограми на метар кубен.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Слаб јужен ветер. Утринската темпераура од 8 степени, а максималната дневна до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Пред нас е еден сончев и многу топол викенд кој се надеваме дека ќе биде вистинско уживање за сите вас. Во сабота максималните температури од 18 до 28 степени, додека пак во недела благ пад и ќе се движат од 16 до 26 степени. Сончевото и топло време ќе продолжи и на почетокот од следната седмица. Во понеделник сончево и топло со дневни температури од 17 до 27 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и пораст на температурите. Утринските од 5 до 13 степени, а максималните од 19 до 29 степени.

Weather4all.com.mk