Повик за практична работа-стажирање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство

Повик за практична работа-стажирање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство

ЈАВЕН ПОВИК
за изразување на интерес за обавување на практична работа-стажирање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати кои изразуваат интерес за вршење на практична работа-стажирање, а кои се`уште студираат на факултетите од областа на општествените, хуманистичките и природно математичките науки, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира стажирање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Право на пријавување имаат кандидатите кои се државјани на Република Македонија, а кои постојано живеат или поседуваат дозвола за престој во државата на прием, односно државата каде се наоѓа Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија, каде аплицирал кандидатот.

Распоредувањето на кандидатите за стажирање ќе биде извршено соодветно на потребите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство во зависност од бројот на пријавените кандидати кои изразуваат интерес за стажирање. Практичната работа ќе се извршува во договор со избраниот кандидат.

За таа цел се повикуваат сите кандидати кои изразуваат интерес да аплицираат за стажирање во Дипломатско-конзуларните претставништва преку Министерството за надворешни работи да приложат:
-потврда за регулиран престој во државата каде Република Македонија има Дипломатско- конзуларно претставништво;
- потврда за статусот студент од високо образовната институција на која што кандидатот студира;
- кратка биографија со податоци за контакт и
- мотивационо писмо


Кандидатите бараните документи е потребно да ги достават електронски на следниов е-маил: Sekretar.Dor@mfa.gov.mk или по пошта на адреса:
Министерство за надворешни работи
ул.“ Филип Втори Македонски“ бр. 7
1000 Скопје

Напомена:
1. Доставувањето може да биде електронски или по пошта;
2. Доставувањето на апликациите на кандидатите за практична работа-стажирање потребно е да биде со назнака „За јавен повик за изразување на интерес за стажирање во Дипломатско конзуларни претставништва на Република Македонија во странство“

Рокот за доставување на документите е до 30.04.2016година. Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на Комисија формирана од министерот за надворешни работи.

По завршувањето на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, избраните кандидати ќе бидат известени да започнат со вршење на практичната работа.

Се охрабруваат кандидатите да ја посетат интернет страната на Министерството за надворешни работи www.mfa.gov.mk од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за надворешни работи, односно Дипломатско –конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.