Град во кој никој не умира млад

Град во кој никој не умира млад

Подготвил: Драгана Петрушевска

Луѓето кои живеат во италијанскиот град Ачароли ќе бидат набљудувани од старана на научниците со цел да се открие зошто повеќето од нив доживуваат длабока старост. Истражувањето ќе го водат американски и италијански научници.


Овој град е сместен на западниот брег на јужниот дел од Италија и има неверојатно голем број стогодишници, околу 300.

Ачароли е познат по нискиот процент на заболени лица од срцето и Алцхајмеровата болест, а ова е првпат како истражувачите ќе го набљудуваат локалното население.

- Целта на истражувањето е да откриеме како луѓето овде ја стигнуваат 100-та година така што ќе ја истражиме целосната генетска структура и нивниот животен стил, исхраната и начините на вежбање - изјавува Алан Мајсел, професор по медицина на Факултетот по медицина во Сан Диего, САД.

Жителите на овој град јадат медитеранска храна, која е богата со риба и маслиново масло. Во текот на подготовката на храна често користат рузмарин.

За ова растение и претходно било докажувано дека содржи компоненти кои помагаат во подобрувањето на меморијата, но и на здравјето на очите и мозокот. Други истражувања покажуваат дека рузмаринот има својства кои спречуваат воспаленија и е добар сојузник во борбата против туморот.

Но, жителите на Ачароли, градот кој се смета дека го инспирирал Ернест Хемингвеј за романот „Старецот и морето“, веруваат дека живеат подолго од останатите поради долгите прошетки.