Факултетот за бизнис економија слави 10 години постоење!

Факултетот за бизнис економија слави 10 години постоење!

Приватната високо образовна институција – Висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ – Скопје (Integrated Business Faculty) е основана во 2005-тата година, од страна на АД „Неоком“ и универзитетската фондација „Ново образование за бизнис“. Во текот на десетгодишното работење на институцијата, запишани се над 1,500 студенти, вклучувајќи ги додипломските и специјалистичките студии кои ги нуди ФБЕ.



Факултетот за бизнис економија веќе 10 години нуди студии кои создаваат вештини и знаења за носење одлуки и користење на средства во бизнисот, и овозможува директно практично искуство на студентите преку вклучување во широк спектар од тимски проекти засновани на постоечките компании. Покрај студентската пракса, карактеристично обележје на ФБЕ е Интегрираниот бизнис курикулум (IBC), моделиран според  програма спроведувана на Универзитетот во Ајдахо, САД, а се покажал како успешен во подготовката на дипломците да создадат вредност за фирмата на нивниот работодавец, уште од првиот ден на нивното вработување.

По завршувањето на тригодишните (додипломски) студии, ФБЕ на студентите им можност за продолжување на образованието на еден од понудените последипломски студии на Институтот за бизнис економија (ИБЕ). ФБЕ и ИБЕ функционираат како посебни ентитети, со постојана меѓусебна координација, колаборација и поддршка, со цел да се понуди највисокиот можен квалитет на образование во Република Македонија, за што впрочем сведочат:

-високата стапка (80%) на вработеност на нашите дипломци,
-високите оценки за знаењата и одговорноста на нашите студенти, од страна на компаниите каде што ја обавувале работната пракса

Покрај тоа, ФБЕ има спроведено голем број на домашни и меѓународни проекти, а е добитник и на повеќе награди во текот на своето работење. Во моментот се спроведува најголемиот Еразмус+ проект во Македонија, „Innovative Strategic Partnership for European Higher Education – ISPEHE”, во партнерство со University of Pavia, Italy; University of Ljubljana, Slovenia; Ekonomikas un kultūras augstskola, Latvia и Technical University of Riga, Latvia.