Ова се вештините без кои нема да може да се вработите за 4 години

Ова се вештините без кои нема да може да се вработите за 4 години

Подготвил: Драгана Петрушевска

Пазарот на труд се менува со развојот на нови технологии и вештини, па луѓето мора да се прилагодуваат на тоа. Експертите тврдат дека дел од работната сила наскоро ќе стане непотребен, со оглед на тоа што роботите ќе преземат некои од работите кои досега биле извршувани од луѓето.


Најдобрите економски експерти биле собрани на Светскиот економски форум за да создадат листа од вештини кои најмногу ќе се ценат кај кандидатите за работа во 2020 година. Тие се согласиле дека пазарот на труд во следните неколку години ќе се смени многу, па очекуваат и појава на нови категории професии.

Токму од таа причина ќе се менуваат и вештините кои мора да ги имаат идните вработени. Извештајот за иднината на работата открива десет вештини кои ќе се ценат најмногу во блиска иднина.

Тоа се:

1. Решавање на комплексни проблеми
2. Критичко размислување
3. Креативност
4. Менаџмент со луѓе
5. Координирање со другите
6. Емоционална интелигенција
7. Оценување и донесување одлуки
8. Ориентација на услуги
9. Преговарање
10. Когнитивна флексибилност



Во однос на листата објавена за 2015 година се смениле приоритетите. На прво место, сепак, уште стои решавањето проблеми.

Предвидувањата на економските експерти, пред сè, се темели на технолошкиот напредок, развојот на нанотехнологијата, роботиката, вештачката интелигенција, биотехнологијата, 3д-принтањето...

Експертите сметаат дека тие технологии ќе влијаат на одредени индустрии и дека ќе го променат начинот на работа во тие индустрии.