Како да ја извадите сопствената ДНК во својот дом?

Како да ја извадите сопствената ДНК во својот дом?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Секоја од вашите клетки содржи ДНК, што претставува молекуларна структура која ве прави вас она што сте. Стигнувањето до оваа структура можеби изгледа како работа само за научници. Меѓутоа, вадењето ДНК од клетките е прилично едноставно.


Мек Кауел, биотехнолог, нуди повеќе едноставни упатства со кои секој може да ја изолира сопственака ДНК за минути. Процедурата бара користење основни кујнски алатки. Процесот нема да го даде најчистиот примерок од ДНК, но научниците може да ја исчистат оваа ДНК по вадењето.

Што ви е потребно?

Мала чиста чаша, плунка, средство за миење садови, сол, сок од ананас, студен алкохол, цевка за пиење, четка за заби.

Како да ја извадите сопствената ДНК?

Оставете дел од сопствената плунка во чашата. Плунката е полна со клетки, кои се полни со ДНК. Додадете неколку капки средство за миење садови. Ова ќе ги раздели клетките. Додадете малку сок од ананас. Ова ќе ги исчисти протеините кои излегле од клетките заедно со ДНК.

Додадете малку сол. Ова предизвикува ДНК-та да започне се спојува во една маса. Помешајте ја чашата за да се измешаат состојките. Наполнете го остатокот од чашата со алкохолот, кој треба да биде во слој на врвот на мешавината. За да спречите мешање со останатите состојки, може да додадете алкохол постепено со цевка за пиење.

Користете четка за заби за да ја соберете материјата во форма на облак која се формирала во чашата. Ова е вашата ДНК.