Во нова состојба на материјата, електроните можат да се распаднат на парчиња

Во нова состојба на материјата, електроните можат да се распаднат на парчиња

Подготвил: Тамара Гроздановски

електрони

 

Пред 40 години, теоретските физичари предвиделе дека одредени магнетни материјали можат да навлезат во бизарна состојба во која нивните електрони ќе се скршат на парчиња.


Сега истражувачите ги набљудувале овие кршливи електрони во дво-димензионален материјал, со што докажале дека таканаречената квантна течност може навистина да постои. Тоа е течност во егзотична состојба на материјата во која електроните се распаѓаат во квазичестички наречени Мајорана фермиони. Во ново истражување објавено во „Nature Materials“, научниците ја набљудувале рутениум хлорид, дво-димензионален материјал со структура на саќе. Тие користеле техника која ја нарекле расејување на неутрони: исфрлајќи голем број неутрони надвор од предметот и гледајќи во шемата која ја формирале.

Ако алфа рутениум хлорид би бил во типична состојба, неутроните ќе произведуваа модел со остри линии. Но, квантната теорија на течноста би создала различен модел. Всушност, во 2014 година, еден од ко-основачите на ова истражување предвидел дека квантната течност ќе произведува модел со широки криви. И тоа се совпаѓа со она што истражувачите го виделе со експериментот.

Откритието покренува некои збунувачки прашања: Што е таа квантна течност и како се споредува со течната течност? Како може да се поделат основните честички како електроните?