Речиси половина од матурантите веќе знаат каде сакаат да студираат

Речиси половина од матурантите веќе знаат каде сакаат да студираат

Подготвил: Драгана Петрушевска

Речиси половина, односно 46% од денешните матуранти, односно идни студенти, веќе знаат што сакаат да студираат.


Направивме анкета за идни студенти, во која учествуваа 676 идни студенти. Од резултатите дознаваме дека 46% од испитаниците веќе се одлучиле што сакаат да студираат. 42% се двоумат помеѓу две или три области на студирање, а 12% сè уште не знаат што сакаат да студираат.



Во однос на податоците од истата анкета од 2012 година, се гледа разлика во сите одговори. Тогаш, 77% од испитаниците знаеле што сакаат да студираат во овој период, а многу помалку, 22%, се двоумеле меѓу две или три области, а само 2% сè уште не знаеле што би сакале да студираат. 



Како се одлучиле што да студираат?

Идните студенти најчесто ги следат сопствените интереси кога го одбираат факултетот, а тоа се однесува на матурантите од оваа година, но и пред четири години. 63% од испитаниците оваа година го одбрале факултетот според интересите, 29% според најголемата исплатливост, 4% според финансиската состојба, 1% според друштвото, а 3% врз основа на други критериуми.

Помеѓу останатите причини за одбирање на факултетот, матурантите наведуваат повеќе различни објаснувања, како „најлесен факултет“, „областа од средното образование“, „тоа што е најперспективно во овој период“, „според просекот и можностите“, „поголеми шанси за вработување и повисока плата“.



Под кои услови би се согласиле да студираат нешто што не сакаат?

Соодветно на мотивите за одбирање на студиите, поголемиот дел од сегашните матуранти не размислуваат да студираат нешто што не сакаат и условите за тоа. 29% би студирале нешто што не го сакаат поради финансиската состојба, 5% доколку родителите ги примораат на тоа, 1% поради друштвото и исто толку поради родниот град. 30% од матурантите не би прифатиле да студираат нешто што не сакаат во никој случај.



Податоците биле слични и пред четири години, кога 32% од матурантите изјавиле дека би студирале нешто што не сакаат поради финансиската состојба, а 35% не би студирале нешто што не сакаат во никој случај.