ФБЕ e првата приватна високообразовна установа со акредитација за 4 годишни студии по економија!

ФБЕ e првата приватна високообразовна установа со акредитација за 4 годишни студии по економија!

Одборот за акредитација и евалуација на Високото Образование на Република Македонија, на својата 5-та седница одржана на 25.01.2016-та година, донесе решение за акредитација на студиската програма Економија, прв циклус на четиригодишни студии на Приватната високообразовна установа – висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ – Скопје.



Студиската програма е во траење од 8 семестри и претставува прва акредитирана четиригодишна студиска програма од областа на економијата на приватна високообразовна установа во Македонија.

По завршените студии на студиската програма, студентот се стекнува со целосни 240 ЕКТС и со звање Дипломиран економист (анг. Bachelor of Economics), од научно-истражувачко подрајче „Економски науки“.

За подетални информации јавете се во службата за студентски прашања на (02) 2402 160 или (02) 2402 161