Францускиот институт во Скопје доделува стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Франција

Францускиот институт во Скопје доделува стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Франција

Францускиот институт во Скопје има чест да ве информира дека француската Влада, преку Амбасадата на Франција и Францускиот институт, секоја година доделува стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Франција.



 За минатата учебна година година беа доделени вкупно шест стипендии од  оваа редовна програма.

 Конкурсот за стипендии за следната академска 2016/2017 година е во тек, а краен рок за пријавување е 30 април 2016.

 Се работи за студии на ниво Мастер и Докторат во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.

Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска влада им овозможува да имаат и други бенефиции.

Информациите се достапни во Францускиот институт во Скопје или на следниот ЛИНК.