Вработување во ТТК БАНКА... Нето плата - 35.000,00 денари

Вработување во ТТК БАНКА... Нето плата - 35.000,00 денари

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Заменик Директор на Филијала Штип 
(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување) 

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):
Високо стручно образование, предност Економски факултет
Работно искуство од најмалку 3 години во областа на банкарството
Познавање на процесите во банката, познавање на законска регулатива
Висок личен интегритет и одговорност кон работата
Организациски способности
Комуникациски и аналитички вештини
Стручност и познавање на деловните пракси во областа на банкарското работење
Лидерски способности (координација на тимот, мониторинг и оценка на остварените резултати)
Менаџерски способности (следење, мотивација и професионален развој на персоналот, поставување приоритети и нивна ефикасна контрола и реализација)
Раководни способности (Планирање, исполнување на поставените цели, идентификација и решавање на проблеми, организација на работењето)
Идентификација на проблеми и утврдување на приоритети
Способност за извршување на комплексни задачи со почитување на зададени временски рокови
Самостојност во донесување одлуки
Лојалност
Познавање на англиски јазик и работа со компјутер

Опис на работно место и одговорности:
Координирање и организирање на работата во филијалата и експозитурите во состав на филијалата;
Планирање, организирање и превземање на активности во филијалта и експозитурите поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти
Координирање и организирање на вработените во филијалата и експозитурите;
Следење, контрола, известување за трошоците на филијалата и експозитурите во рамките на филијалата и профитабилноста;
Следење и контрола на предлози за одобрување на кредитните барања и за одобрување на кредитни производи во рамки на одобрените лимити за кредитно изложување кон клиенти;
Следење, контрола и организирање на наплата на кредитна изложеност и провизии кон клиенти по сите основи;
Следење, планирање и организирање на активности за зголемување на депозитната база;
Учество и координирање на изработката на интерни и извештаи, известувања и анализа за обемот на извршени работи во филијалата и експозитурите;
Следење, контрола и организирање на активности од продажбата и сервисирањето на производите и услугите на клиенти на Банката и
Организирање и спроведување на втора контрола, потврдување на исправност и проверка на документација во поглед на оформување на истата и нејзино архивирање.

Работно време:
40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Филијалата (од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 09:00 до 13:00 часот).

Почетна основна нето плата: 35.000 денари

Останати информации:
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 24.04.2016 година, со назнака: „Апликација за Заменик Директор на Филијала Штип“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил адресата: hr@ttk.com.mk.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.