Темната страна на модерното општество која одбиваме да ја видиме

Темната страна на модерното општество која одбиваме да ја видиме

Подготвил: Драгана Петрушевска


Полскиот илустратор, уметник и сопственик на „Morski Studio Graficzne“, Игор Морски создава надреални слики кои имаат скриено значење. Морски објаснува дека неговата работа како новинар го навела да започне да создава уметност во овој стил.

- Ова, мора да признаам, остави добар впечаток бидејќи луѓето порано не знаеја за Фотошоп и многу илустрации беа сфатени буквално, како тоа што е покажано на илустрацијата навистина да е така. Ова беше особено вистинито за фотомонтажите со политичарите - вели Морски.