Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Групација Титан вработува...Нето плата 34.500 денари

Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Групација Титан вработува...Нето плата 34.500 денари

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Финансиски аналитичар (замена на работник на породилно отсуство од 1 година)

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за составување на годишна сметка, финансиски извештаи согласно МСС и други извештаи согласно важечките законски барања во државата. Континуирано следење на промените во законската регулатива и нивна имплементација во работењето на друштвото. Изготвување на буџети, презентации и други анализи. За својата работа ќе известува на Менаџерот на Секторот за финасии. Платата за работното место во нето износ е од 34.500,00 денари.

Потребни квалификации:

    -Економски факултет, ВСС/VII степен (240 кредити)
    -Работно искуство најмалку 2 (две) години во локално сметководство со познавање на:

     - Законската регулатива и
    - Меѓународните сметководствени стандарди применливи во РМ и работно искуство во изготвување  буџети и презентации.

    -Одлично познавање на Microsoft Office апликациите
    -Одлично познавање на англискиот јазик


Конкурентски предности:

    Одлични аналитички способности и прецизност во работењето
    Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
    Добри комуникациски и организациски способности
    Флексибилност и адаптибилност
    Тимско работење и кооперативност
    Ефективност и ефикасност

    
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   


    Мотивациско писмо
    Биографија на англиски јазик (CV)
    Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,
http://usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.