ФИНКИ еден од партнерите и учесник на Codefest

ФИНКИ еден од партнерите и учесник на Codefest

Во периодот од 15ти до 17ти април во хотел Инекс Горица во Охрид се одржа четвртиот по ред интернационален технолошки настан Codefest Marathon под мотото "Challenge Your Limits".


Настанот има форма на програмерски маратон за студенти и ученици (од средни училишта до мастер студии) со траење од непрекинати 32 часа за време на кои учесниците во тимови работат на развивање на сопствени идеи, а имаат можност за директна работа и совети од реномирани ментори, експерти во повеќе области.

Настанот е од натпреварувачки карактер за што се обезбедува разновиден награден фонд. Оваа година Маратонот е член и на светската лига на хакатони, Major League Hacking што истовремено значи и интернационални признанија за учесниците. Оваа година ФИНКИ се вклучи како еден од партнерите на настанот, а студентите на ФИНКИ учествуваат со 5 тима.


Покрај Маратонот во програмирање, оваа година се одржа и еднодневна Codeference технолошка конференција каде со свои презентации се претставија 24 предавачи. На конференцијата се дискутираа теми од областа на технологијата, иновациите, дигиталниот маркетинг, стартапите, инвестициите итн. Богатата агенда на конференцијата меѓу другото опфати гости предавачи од неколку реномирани светски компании како Google, Microsoft, Adobe, Viber итн.