Грантови за престој во САД за млади лидери и активисти

Грантови за престој во САД за млади лидери и активисти


Светското движење на младите за демократија и Меѓународниот форум за демократски студии при Националниот фонд за демократија ги поканува сите да се пријават за програмата за млади „Hurford“ во Вашингтон.

За период од четири месеци, секој добитник на грант ќе добие можност да работи на сопствените лидерски и организациски вештини и да помага за разојот на светското движење на младите. Грантот покрива месечна стипендија за живот, здравствено осигурување, патување до и од Вашинтон, канцеларија со интернет.

Канидатите треба да имаат најмногу 30 години и да покажат силен интерес во демократски активизам и во развојот на демократијата во нивните земји, но и светот.

Пријавувањето трае до 18 мај.

Официјален повик.