Ѕирнете во метрото во Северна Кореја

Ѕирнете во метрото во Северна Кореја

Подготвил: Тамара Гроздановски

Во изминативе неколку години светот научи повеќе за луѓето во Северна Кореја, благодарение на фотографиите споделувани на интернет.  

 

1


Кога станува збор за метрото во Пјонгјанг мал број на туристи успеале да добијат дозвола за целосен пристап во метрото, систем со две линии изграден 100 метри под земјата.

 


2

3


Системот е најдлабок во светот и има функција и на нуклеарен бункер. Пред 2010 година, посетителите беа придружувани од водичи и им било дозволено да посетат само две од 16 станици. За време на неговата 16 дневна посета во Северна Кореја, Елиот Дејвис од веб страната „Earth Nutshell“ успеал да ги виде сите 16 станици и да ги фотографира сложените мурали на Ким Јонг-Ил и Ким Ил Сунг, како и масивните лустери, мермерните подовви и столбови и другите раскошни карактеристики.

 

4

5


„Претходното ограничено метро во Пјонгјанг е еден од најпознатите мистериозни, убави транзит системи на Земјата. Секоја станица има уникатна тема во ултра-национализмот, парадирајќи ги револуционерните цели со цел да ги импресионирс патниците“, пишува Дејвис. „На многу начини, тоа е еден вид на мал музеј, од кои повеќето претходно беа скриени од очите на јавноста и беа обвиткани во теории на заговор“.