Европски стручни квалификации за македонските средношколци

Европски стручни квалификации за македонските средношколци

Учениците на СЕПУГС „Арсени Јовков“ - Скопје во периодот 04.04.2016 до 19.04.2106 во рамките на проектот ВЕТ Датабаза Администратор од програмата Еразмус +, остварија успшна обука според Европската Рамка на Квалификации (European Qualification Framework EQF) во специјализираната тренинг институција Синтеа за електронско администрирање на  податоци од Лублин во Полска.



За поминатата обука учениците добија европски признати сертификати, кои претставуваат потврда за нивната подготвеност за остварување на специфични работни задачи од областа на бизнис администрацијата. Со ова европското образование за добивање квалификации, станува достапно и за македонските средношколци.

„Овој начин на едукација е вистинскиот пат на подготовка на македонските ученици да ги стекнат и применуваат знаењата и вештините за потребите не само на македонскиот, туку и на европскиот пазар на труд, според европски образовни стандарди“, изјави менторот на учениците, професорот Зоран Златковски.


Пишува: Даниел Митевски ученик во трета година во „Арсени Јовков “