Приказната за Титаник за која немате слушнато

Приказната за Титаник за која немате слушнато

Подготвил: Тамара Гроздановски

Со врисоци на патниците кои се`уште се држеле за трупот на бродот, Титаник потонал под брановите како што последниот чамец за спасување бил пуштен во студената вода.

 

1


Патникот од третата класа Едвард Линдел, упорно пливајќи успеал да стигне до чамецот, меѓутоа неговата сопруга Герда, веќе исцрпена од студената вода, немала сила да се качи на чамецот.

Како сцена од филмот на Џејмс Камерон, таа се држела колку што можела, меѓутоа брановите ја повлекле во внатрешноста на водата. На Едвард му останала само нејзината бурма која и` се лизнала од прстите. И самиот Едвард не издржал долго време. И тој и` подлегнал на студената вода, а преживеаните го турнале неговото тело во водата за да го олеснат товарот.

Неодамна се појавија фотографии и сведочења на очевидците кои во 1913 година сведочеле за овој драматичен момент, кога чамецот за спасување бил забележан од бродот „White Star Line“, кој бил оддалечен 320 километри.

Побелени од студот и солта, на чамецот имало двајца мртви пожарникари, а покрај нив се наоѓало телото на патникот Томсон Бити кој бил облечен во костум, а на долниот дел на бродот била бурмата на која пишувало „од Едвард за Герда“.

 

2


Првата црно-бела фотографија ги покажува шесте членови на екипажот, а втората фотографија покажува како тие веслаат кон напуштениот чамец.

За жал, не е познато кој патник ја напишал ужасната изјава на 13 мај 1912 година: „Го преминав Атлантикот еден месец после потонувањето на Титаник. Најдовме еден од чамците за спасување - на него имаше тела на патник со костум и двајца пожарникари. Беше пронајдена и бурма на жена. Телата беа закопани и беше прочитана молитва“, се вели во Изјавата.

Чевларот Едвард Линдел кој имал 36 години и неговата 30 годишна сопруга Герда, од Хелсингборг, Шведска, емигрирале за Америка кога се качиле на Титаник во Саутемптон како патници од трета класа.

Титаник, за кој се верувало дека е непотонлив, потонал после удар во санта мраз во Атлантскиот Океан на 15 април 1912 година, само пет дена после неговото прво патување.

 

3

6


Како што бродот потонувал, Едвард и Герда се обидувале да се качат на наведнатата палуба, меѓутоа таа станала премногу стрмна, па тие се лизнале близу чамците за спасување А и Б.

Како што чамецот А бил поставуван, Едвард и Швеѓанецот Венерсторм се качиле. Венерсторм се обидувал да и` помогне на Герда да се качи на чамецот меѓутоа немал доволно сила за да и` помогне, по што таа потонала.

Косата на Едвард за 30 минути станала сива, и наскоро починал. Не било пронајдено ниту неговото тело, ниту телото на неговата сопруга. Единствено што било најдено бил прстенот кој подоцна му бил даден на таткото на Герда.

 

4


Околу 30 луѓе очајно се обидувале да се качат на чамецот за спасување, меѓутоа голем дел од нив не успеале - на крајот само 13 биле спасени.

Томсон Бити бил Канаѓанец и успешен бизнисмен кој отишол во Европа заедно со двајца пријатели на одмор. Тој и` пишал на неговата мајка во Онтарио три дена пред да се качи на Титаник: „Менуваме бродови и се враќам дома во нов, непотонлив брод“.

 

5


На бродот бил сместен заедно со неговиот пријател Томас МекКафри, а кога Титаник се скршил на половина, Томас успеал некако да се качи на чамецот за спасување, меѓутоа починал од изложеност.

Трите тела биле ставени во кеси и завиткани во знамето на Унијата Џек. Откако се прочитале почестите, тие биле фрлени во морето. Во ироничен пресврт, церемонијата се одвивала за време на роденденот на мајката на Томсон, речиси на истото место во Атлантикот кадешто таа била родена пред 82 години, на брод на патот за Канада.