Што би се случило ако престанете да спиете?

Што би се случило ако престанете да спиете?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Некои луѓе недостатокот на сон го поднесуваат подобро, а некои „едвај го преживуваат денот“ ако не се наспани. Истото важи и за тоа колку сон е потребен - додека за некои се доволни пет или шест часа, за други потребни се 8.

 

спиење


Но, дали некогаш сте се запрашале што би се случило кога целосно би си го скратиле сонот или колку би издржале да останете будни?

Во 1965 година едно 17 годишно момче останало будно околу 264 часа, односно 11 дена за да види што ќе се случи. Уште следниот ден започнал да не гледа јасно, а веќе третиот ден станал мрзоволен. До крајот на експериментот тој станал параноичен и започнал да халуцинира.

Иако експертот долгорочно немал потешки последици врз неговата психофизичка состојба, за голем дел од луѓето недостатокот на сонот влијае врз хормоналната рамнотежа, подложеноста кон болести и во краен случај предизвикува и смрт. Во 2015 година недостатокот на сонот е прогласен за здравствен проблем.

Недостатокот на сонот може да предизвика многу симптоми кои можеме да ги забележиме доколку не спиеме доволно, како што е лошо расположение, нервоза, пречувствителност, вишок килограми па и дијабетес, лошо помнење итн.

Многу истражувања покажуваат дека недостатокот на сонот стана „модерна болест“ бидејќи луѓето се` помалку спијат, а се повеќе патат од хронична несоница. Научниците веруваат дека ова е поврзано со вишокот лоши и токсични работи кои го оптеретуваат мозокот, кој не може да ги испрати своите вообичаени сигнали - „дека е мрак и дека е време за спиење“. На сето ова му помага и фактот што голем дел од нас пред спиење користат лап топ или мобилен телефон во кревет, со што се спречува мозокот природно да реагира на мракот и тој на телото му кажува дека се`уште е ден.

Ако недостатокот на сонот трае подолго време, тогаш доаѓа до тешки последици за здравјето, кои можат да завршат со прерана смрт. Погледнете го ТЕД видеото кое објаснува што му се случува на мозокот доколку не спиете.