Оглас за вработување во Макпетрол

Оглас за вработување во Макпетрол

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работни односи, „Макпетрол" А. Д.- Скопје распишува O Г Л A C За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 3 (три) месеци на работно место продавач II категорија на Бензинска Станица во Кочани во Дирекцијата за малопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: Завршено средно стручно образование; Работно искуство од најмалку 1 (една) година; Познавање на англиски јазик. Дневното работно време за горнаведеното работно место, се одвива во три смени, со почеток 1ва смена од 06:00 часот до 14:00 часот, 2ра смена од 14:00 часот до 22:00 часот, 3та смена од 22:00 часот до 06:00 часот.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела. Основната плата за горнаведеното работно место изнесува 15. 600 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават: Писмо за мотивација; Кратка биографија; Копија од диплома за завршено образование; Копија од други стекнати дипломи и уверенија; Препорака од претходен работодавач; Уверение за неосудуваност.

Потребните документи да се достават на адреса: „Макпетрол" А. Д.- Скопје Сектор за човечки ресурси ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4- Скопје лице за контакт: Сања Гермовска телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање. Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи. Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена. „МАКПЕТРОЛ" А. Д.- СКОПЈЕ