Американското Катче - Скопје во соработка со Американската Амбасада во Скопје ве покануваат...

Американското Катче - Скопје во соработка со Американската Амбасада во Скопје ве покануваат...

Американското Катче Скопје во соработка со Американската Амбасада во Скопје, одбележувајќи го Светскиот ден на Слободата на медиумите ,ќе организираат пренос на гостувањето на Глен Кеслер во Загреб. Глен Кеслер е истражувачки новинар, бизнисмен и познат по својата колумна за проверка на факти во Вашингтон Пост.



Глен Кеслер ќе зборува пред публика од целиот свет на теми како новинарски интегритет, одржливост на медиумите како и градење медиумски кредибилитет. . Кеслер има искуство со надворешната политика и ќе сподели свои новинарски искуства во неговата борба за проверка на факти како и истакнување на сите оние кои ја искривуваат вистината.

Презентацијата ќе се одржи на 3ти мај 2016 во 13:30 часот во просториите на Американското Катче Скопје и ќе биде модерирана од Марлин Најс, висок дипломат од Американската Амбасада во Скопје.

Пријавувањето се врши по пат на електронска пошта со испраќање на име , презиме, контакт и професија на ac.programs@yahoo.com со наслов“World Press Freedom Day” . Бројот на места е ограничен а предност ќе се даде на новинари, студенти по новинарство и медиумски професионалци.

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/510686982451380/