Оглас за вработување на раководител на оддел за онлајн продажба во Р3 Инфомедиа

Оглас за вработување на раководител на оддел за онлајн продажба во Р3 Инфомедиа

zk-mk
Р3 Инфомедиа, фирмата креатор на брендовите Златна книга и Маркетконект вработува:

 

Раководител на оддел за онлајн продажба

 

Опис на работни обврски и одговорности:

 

- Унапредување на онлајн продажбата преку нашиот “on-line marketplace” - www.marketkonekt.com;
- Идентификување на пазарни можности и реализација на продажни кампањи;
- Анализа на резултатите и изнаоѓање на кретивни начини за нивно подобрување;
- Фокус кон обезбедување на интересна и конкурентна понуда од компаниите продавачи;
- Воспоставување на долгорочни релации и партнерства со компаниите продавачи;
- Поддршка и едукација на компаниите продавачи за продажба преку интернет;

 

Идеални кандидати се:

 

- Динамични и мотивирани личности со желба за професионален успех;
- Работно искуство во малопродажба;
- Со пасија за онлајн бизнис и е-трговија ;
- Со добро познавање на MS Office, Интернет;
- Личности со добри комуникациски и преговарачки способности;

 

Ви нудиме:

 

- Работа во динамична средина со можност за професионален развој и надоградба;
- Можност за надпросечна заработувачка базирана на лични перформанси;
- Можност за кариера во една од најиновативните компании во Македонија.

 

Ако сакаш да станеш дел од тим составен од професионалци, испрати твое CV на konkurs@zk.mk со наслов: ‘Раководител на оддел за онлајн продажба’ најдоцна до среда 6-ти мај 2016.