Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје... Нето плата - 22.800,00 денари + компаниска стимулација од 5.000,00 денари

Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје... Нето плата - 22.800,00 денари + компаниска стимулација од 5.000,00 денари

Служба за технички дизајн, интеграција и управување со проекти / Секторот за планирање,проектирање и управување со проекти / Област на Главниот директор за техника и ИТ

Работно место: Виши Специјалист за Управување со проекти


Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

- Високо образование - Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации, Економски Факултет или останати факултети
- 5 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Управување со проекти

Работни задачи:

- Одговорен за управување со проекти во врска со вкрстено функционални проекти

- Одговорен за иницирање на проекти, вкрстено функционално извршување на проекти, процедури за управување со промени од почеток до крај, затворање на проектот и прегледи на проектите по нивната имплементација

- Одговорен за имплементација на ефикасен процес за управување со проекти во рамки на Компанијата

- Одговорен за редовно следење, надгледување и поднесување на извештаи во врска со проектите на оперативно и извршно ниво со силен фокус на делокругот, буџетот, квалитетот и управување со временскиот план во постојните системи и апликации како и нови BSS, OSS, CRM со цел овозможување на процесите за обезбедување на нови услуги и кампањи

- Одговорен да раководи со активности за техничко управување со проекти

- Одговорен за систематско управување со портфолио на проекти во сите развојни активности во врска со нови производи, услуги и ICT решенија на ниво на Компанијата

- Одговорен за изведбата за испорачување на проекти од почеток до крај и оперативниот менаџмент на надворешни партнери вклучени во техничкиот развој, имплементацијата и интеграцијата на корисничките производи, услуги и ICT решенија

- Одговорен за доследно извршување на стандардите и методологиите за управување со проекти, вклучувајќи постојан развој на средствата и можностите на управувањето со проекти

- Одговорен за хармонизирано иницирање на проекти, вкрстено функционално извршување на проекти, процедури за управување со промени од почеток до крај, затворање на проектот и прегледи на проекти по нивната имплементација

- Одговорен за редовно следење, надгледување и поднесување на извештаи во врска со проектите на оперативно и извршно ниво со силен фокус на делокругот, буџетот, квалитетот и управување со временскиот план

- Одговорен за процедури за ескалација, дефинирање и имплементација на корективни мерки во текот на циклусот на управувањето со проекти

- Одговорен за управување со ризици поврзани со проектите

- Координира и спроведува процес на тестови за прифаќање со клучните корисници, одговорен за документацијата на процедурите за нивно предавање и контроли на квалитетот

- Планира, буџетира и надгледува остварување на бизнис планот во областа на одговорност Планира, управува со и ги обучува Проектните менаџери и индивидуалните соработници во врска со имплементацијата на Деловните побарувања

- Обезбедува дефинирање и управување со процесите за управување со проекти и раководи со начинот на дизајнирање и имплементирање на најдобрите практики за управувањето со портфолија, со цел да се осигура прецизно испорачување на технолошките решенија за поддршка на деловните барања

- Одговорен за надгледување на проектниот тим кој треба да ги испорача наведените проектни цели. Оваа улога исто така се фокусира на создавање на јасни и одржливи проектни цели, градење на проектните цели и управување со тројно ограничување на проектите односно трошокот, времето и квалитетот 

Способности и вештини:

Комуникациски вештини, напредни продажни вештини, способности за справување со стресни и конфликтни ситуации, способност за тимска и самостојна работа, исполнителност на работно место, способност за работа во кратки рокови, способност за учење и совладување нови предизвици Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Специјалист за Управување со проекти

Огласот ќе биде објавен на ден 27.04.2016 година и ќе трае до 16.05.2016 година.
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Ќе работи со полно работно време од 40 часа .

Минимумот на предвидената  основан нето плата за ова работно место е во висина од  22.875,00 денари  и компаниска стимулација во висина од 5.133,00 денари.

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место. Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.