Колкава е вашата плата во споредба со земјите низ светот?

Колкава е вашата плата во споредба со земјите низ светот?

Подготвил: Драгана Петрушевска


Зборувањето за заработувачката е непријатно, а понекогаш и некултурно, но треба да знаете дали сте платени за она што вредите. Алатка на Си-Ен-Ен нуди можност анонимно да ја споредите својата плата со платата на останатите во иста или друга област.

Податоците во алатката се искористени од Меѓународната организација за труд, а во неа се покажан просечните плати во 18 земји. На графикот може да се види заработката во вашата област во споредба со останатите професии низ светот, како возач во Јужноафриканска република или чистач во Тајланд.


Внесете ја својата плата на почетната страница за да добиете споредба со просечните плати во земјите низ светот. Алатката пронајдете ја ОВДЕ.