КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус (додипломски) универзитетски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во академската 2016/2017 година

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус (додипломски) универзитетски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во академската 2016/2017 година

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРИВАТНА ВИСОКООБРАЗОВНА УСТАНОВА 
УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ 

Во согласност со член 108, став 3 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008, 103/2008, 26/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015, 98/2015, 145/2015, 154/2015 и 30/2016), Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1.000 Скопје, објавува

К О Н К У Р С 
 за запишување студенти на прв циклус (додипломски) универзитетски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во академската 2016/2017 година на македонски и англиски јазик




1. Факултет за туризам
Студиска програма Туризам (три годишни студии 180 ЕКТС):
диплома прв циклус: дипломиран менаџер во туризмот

2. Економски факултет
Студиска програма Економија (три годишни студии 180 ЕКТС):
диплома прв циклус: дипломиран економист

3. Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент
Студиска програма Меѓународен маркетинг и менаџмент (три годишни студии 180 ЕКТС):
диплома прв циклус: дипломиран менаџер за односи со јавноста и меѓународен маркетинг и менаџмент

4. Факултет за претприемачки бизнис
Студиска програма Претприемачки бизнис (три годишни студии 180 ЕКТС):
диплома прв циклус: дипломиран менаџер по претприемништво

5. Факултет за менаџмент на човечки ресурси
Студиска програма Менаџмент на човечки ресурси (три годишни студии 180 ЕКТС):
диплома прв циклус: дипломиран менаџер по човечки ресурси

Студиите од првиот циклус се од научното подрачје 5.00 општествени науки, поле 503 економски науки, 506 организациони науки и управување (менаџмент) и 514 туризам и угостителство од Класификацијата на научно-истражувачки подрачја, полиња и области според меѓународната Фраскатиева класификација.

I. Број на студенти

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во прва година на прв циклус (додипломски) универзитетски студии, за горенаведените студиски програми, со времетраење од три години (шест семестри, 180 ЕКТС), во академската 2015/2016 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.

II. Услови и критериуми за запишување

а) На прв циклус (додипломски) универзитетски студии

II.а.1. Услов за запишување на прв циклус (додипломски) универзитетски студии, за лицата кои ќе матурираат во учебната 2015/2016 година, е положена државна, меѓународна или училишна матура.

Услов за запишување на прв циклус (додипломски) универзитетски студии е завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука на РМ.

Право на запишување на прв циклус (додипломски) универзитетски студии имаат и кандидати државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани, под истите услови како и државјаните на РМ, определени во Законот за високо образование.

II.а.2. На прв циклус (додипломски) универзитетски студии на Универзитетот можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи. Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 20% од вкупниот број редовни студенти на Универзитетот утврден во овој Конкурс.

II.а.3. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонредни, или како студенти на далечинско студирање, со самофинансирање на студиите, во износ утврден со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

II.а.4. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.

II.а.5.Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус (додипломски) универзитетски студии за лицата кои ќе матурираат во учебната 2015/2016 година е успехот постигнат во средното образование и државната матура, односно училишната матура или завршниот испит, а за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа:

- Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60%,
- Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит учествува со 40%.

II.а.6. Вреднувањето на успехот од средното образование и државната матура се врши според утврдени критериуми во Правилникот за условите и критериумите за запишување на прв циклус (додипломски) универзитетски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

III. Рокови за пријавување и запишување

а) Прв циклус додипломски универзитетски студии

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од:

- објавувањето на конкурсот до 31 август 2016 година, за првиот уписен рок,
- 01.09.2016 година до 14.09.2016 година, за вториот уписен рок,
- 15.09.2016 година до 01.10.2016 година, за третиот уписен рок.

Објавувањето на резултатите за кандидатите кои ги исполнуваат условите за запишување ќе се изврши на:

- 01 09.2016 година, за првиот уписен рок,
- 15.09.2016 година, за вториот уписен рок и
- 01.10.2016 година за третиот уписен рок.

Доколку бројот на студенти пропишани во овој Конкурс не се пополни во горе утврдениот рок, Универзитетот ќе објави дополнителни уписни рокови, за што заинтересираните кандидати навреме ќе бидат информирани.

IV. Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

а) за запишување на прв циклус (додипломски) студии:

1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);

2. оригинални свидетелства од сите учебни години (I,II,III,IV година);

3. соодветни документи за завршена државна матура, меѓународна матура, училишна матура или завршeн испит;

4. извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ) и

5. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение), односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и договор за вработување или лекарско уверение.

Странските државјани треба да извршат нострификација на документите за стекнато средно, односно високо образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат препис од документите за свои потреби.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

1. две фотографии (димензија на форторафиите 3х4 см.);
2. доказ за уплатени средства за студирање.

Пријавувањето може да се изврши и по електронски пат.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1.000 Скопје, односно во дисперзираните канцеларии на Универзитетот. Подетални информации заинтересираните кандидати можат да добијат на www.utms.edu.mk, e-mail contact@utms.edu.mk или на тел. 02 30 93 209, 02 30 93 212 и 02 30 93 215.