Од гостувањето кај Опра директно кај Жаре - Ник Вујичиќ во 1на1!

Од гостувањето кај Опра директно кај Жаре - Ник Вујичиќ во 1на1!

Најпопуларното македонско ток шоу по којзнае кој пат го докажува својот квалитет – оваа сабота ќе гледаме две неверојатни гостувања во Еден на Еден! Ексклузивно ќе го видиме Ник Вујичиќ - најпознатиот мотивациски говорник во светот и човек со неверојатна животна приказна. Иако е роден без раце и нозе, тој денеска е светска суперѕвезда со гостувања во најпопуларните ток шоуа како она на Опра Винфри! Гостинка кај Жаре ќе биде и балканската авторка на бестселери Исидора Бјелица, која ќе раскаже како го победила ракот иако сите доктори од најпознатите светски болници и прогнозирале ужасен пораз. Плус, за прв пат ќе открие дека има напишано филмско сценарио за нашата ѕвезда Тоше Проески! Еве ја и најавата за новата епизода од шоуто, запомнете да гледате Телма оваа сабота во 19:15 часот